Контакт

Европа

Велика Британија најави пакет-помош за Украина во вредност од 65 милиони долари

Објавено пред

Британската влада во вторникот објави дека ќе обезбеди пакет за поддршка од 50 милиони фунти или 64,7 милиони американски долари за поправка на опремата и формирање воен центар за рехабилитација во Украина.

dobivaj vesti na viber

Како дел од новата транша од поддршката, за која ќе се разговара на неделниот самит на НАТО, Британија и членките на Г7 ќе обезбедат илјадници дополнителни парчиња муниција за тенковите „Челинџер 2“ и повеќе од 70 борбени и логистички возила, пишува „Ројтерс“.

Овие програми ќе бидат финансирани преку сеопфатниот пакет за помош на НАТО за Украина и поддржани од експерти за рехабилитација од целата алијанса, се вели во соопштението на британската влада.

Се очекува заедничката декларација да биде потпишана од сите членки на Г7, се наведува во соопштението. Декларацијата ќе определи како сојузниците ќе ја поддржат Украина во наредните години за да се стави крај на војната.

„Поддршката на напредокот на Украина кон членството во НАТО, заедно со формалните, мултилатералните и билатералните договори и силната поддршка од членките на НАТО, ќе испрати силен сигнал до претседателот Путин и ќе го врати мирот во Европа“, рече британскиот премиер, Риши Сунак.

Европа

Топлотен бран на југот од Франција:12 департмани во состојба на зголемена готовност

Објавено пред

Франција денес очекува температури од „исклучителни нивоа“ на југот, а Националниот метеоролошки институт стави дванаесет оддели во состојба на висока готовност. Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови, а на некои места дури и да достигнат 42 степени Целзиусови, објави Метео-Франс.

dobivaj vesti na viber

„Можеме да се приближиме до рекордни нивоа и да забележиме невидени вредности, но националниот рекорд од 48 степени треба да остане недостижен“, изјави прогнозерката Кристел Роберт на прес-конференција синоќа.

На многу места веќе се измерени 40 степени во текот на викендот. Во департманот Л’Еро, беа измерени 42,2 степени, во Пиринеи-Ориентали 41,3 степени и во Гард 40,9 степени. Топлинскиот бран што го погоди поголемиот дел од јужна Франција во петокот сега „се движи кон север“, објави Франс Прес.

Поголемиот дел од земјата ќе биде над 30 степени Целзиусови, со 38 во нејзиниот центар и 34 во регионот на Париз, објави Метео-Франс.

Агенцијата во својот последен билтен објавен утрово соопшти дека се очекува сегашниот топлотен бран да трае најмалку до 15 август. „Ноќите ќе бидат доста тешки“, предупреди Роберт. Се очекуваат високи ноќни температури: за Париз следната вечер се прогнозираат температури над 20°C.

Овој топлотен бран, втор што ја погоди земјата ова лето по епизодата од 19 јуни до 4 јули, е исто така 51-ви регистриран од 1947 година, според Метео-Франс.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Објавено пред

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите.

dobivaj vesti na viber

Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи и место на светското наследство на УНЕСКО.

Според шефот на регионалната влада, Алфонсо Мануека, неколку од овие пожари се предизвикани од криминални активности. „Ќе бидеме немилосрдни против сторителите на овие напади врз животот и безбедноста на луѓето, како и врз нашето историско и природно наследство“, напиша тој на Икс.

Шумски пожари ги погодија и регионите Галиција (северозапад) и Навара (север). Шпанија е на удар на топлотен бран кој влегува во својата втора недела, со температури кои достигнуваат речиси 40°C во многу региони, а се очекува топлотниот бран да трае најмалку до четврток. Цивилната заштита издаде предупредување за шумски пожари низ целата земја, со висок до екстремен ризик.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото+видео) Опасна бура во Словенија: паѓаше град со големина на јајце, издадено портокалово предупредување

Објавено пред

Словенија е погодена од силни бури придружени со силни налети на ветер, поројни дождови и град.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот во земјата е забавен, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за целата територија.

Од агенцијата посочуваат дека поради дождот може да дојде до задржување на вода и зголемување на реките.

На објавите на социјалните мрежи се гледа дека паѓал град со големина на јајце.

Според објавите и коментарите, најлошото било околу Шемпетер во долината Савиња.

Како што јавува ТВ Словенија, во текот на вечерта бурата постепено ќе ослабне , најдоцна на истокот од земјата.

Бура пристигнува и во Хрватска

Силна бурна ќелија, која пристигна преку брегот од Италија, се движи кон внатрешноста на Хрватска, придружена со врнежи од дожд, силни налети на ветер и локален град.

Водна пијавица е снимена над морето во близина на Умаг. Се очекува активноста на бурата дополнително да се интензивира во наредните часови.

Управата за заштита на животната средина издаде портокалова тревога за регионите Риека, Карловац и Загреб поради локално можни грмотевици со привремено силни до бурони ветрови, а можна е и појава на град.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија2 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје за првпат не прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет2 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп-Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет4 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,...

Европа4 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија5 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија5 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија18 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ19 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ20 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија20 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија21 час

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија1 ден

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија1 ден

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...