Свет
Велика Британија под влијание на бурата Иша: ветерот носи сè пред себе, опасност од торнада, 70.000 згради без струја
Британската метеоролошка служба издаде предупредувања за бурата Иша со налети до 160 километри на час, што го загрозува животот во крајбрежните области.
Во предупредувањето се наведува дека тешките временски услови предизвикани од бурата Иша ќе предизвикаат прекини во сообраќајот и патувањето во целата земја, пишува „Гардијан“. Претходно, беше издадено предупредување за торнадо за Северна Ирска, како и за делови од Шкотска и северна Англија, кое истече во неделата доцна вечерта. Околу 70.000 згради останаа без струја.
Метеоролошката канцеларија издаде две жолти предупредувања за ветер и црвено предупредување за временските услови за делови од северна Шкотска до раните утрински часови, а железничкиот, поморскиот и воздушниот сообраќај се соочија со прекини, суспензии, откажувања и одложувања многубројни услуги.
Во Белфаст едно лице било удрено од дел од урната зграда откако поради ветерот се поместило градежното скеле, но интервенирале итните служби и му помогнале на повредениот на самото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: Евровизија ја надмина секоја оргија, ритуал на вештерки или ритуална сакрилегија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот Телеграм канал го коментираше овогодишното издание на Евровизија.
„Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, ритуал на вештерки или ритуална сакрилегија. Погребите во Западна Европа се одвиваат вообичаено. Без изненадувања“, напиша таа.
Свет
Египет врачи протестна нота поради операцијата на Израел во Рафа
Египет врачи протестна нота до Израел, САД и европските влади, тврдејќи дека операцијата на Израел во Рафа го загрозува нивниот мировен договор, изјави за АП висок египетски функционер кој сакаше да остане анонимен.
Израелската армија (ИДФ) вчера ги повика палестинските цивили да евакуираат неколку населби од Рафа, поради операцијата насочена кон милитантната група Хамас, пишува „Д тајмс оф Израел“.
„Волстрит журнал“ во февруари објави дека египетските власти тврделе дека долгогодишниот мировен договор меѓу Египет и Израел може да биде загрозен доколку војниците на ИДФ влезат во Рафа или ако бегалците од тој град бидат принудени да се упатат на југ кон египетскиот Синајски Полуостров.
За да спречи голем прилив на бегалци, Египет постави тенкови на границата со Газа.
Свет
Ердоган: И Хитлер по позавидел на методите на Нетанјаху
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху достигнал ниво со геноцидни методи што дури и Хитлер би го направил љубоморен.
„Дали е можно да се набљудува што им прави Израел на луѓето во Газа со месеци и да се види дека е легитимно Израел да бомбардира болници, да убива деца, да угнетува цивили и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори ? Што правел Хитлер во минатото? Угнетуваше и убиваше луѓе во концентрациони логори“, изјави Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, пренесе „Анадолија“.
Тој праша „нели Газа беше претворена во затвор на отворено, не само по 7 октомври, туку и години пред тоа“.
„Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како во концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и најсистематски масовни убиства во Газа од 7 октомври?“, праша Ердоган.
Тој додаде дека Нетанјаху достигнал ниво што би го направило Хитлер љубоморен на неговите геноцидни методи.
„Зборуваме за тоа Израел да таргетира амбулантни возила, да ги погоди местата за дистрибуција на храна и да отвори оган врз конвоите со помош“, рече тој.
Претседателот на Турција додаде дека се прекршени правата и слободите на жителите на Газа, особено нивното право на живот.
„Ги браниме нивните права. Ние го браниме мирот. Израел, од друга страна, продолжува несовесно да ги крши резолуциите на ОН, меѓународното право и човековите права“, нагласи тој.
Ердоган рече дека палестинскиот отпор нема да биде неопходен доколку постои „суверена, независна, географски интегрирана држава Палестина, во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град“.
„Хамас исто така најави дека, доколку тоа се случи, ќе го распушти своето вооружено крило и ќе продолжи да дејствува како политичка партија. Решението за две држави е ефикасен начин за обезбедување траен и одржлив мир“, рече Ердоган, додавајќи дека палестинската група се согласила на договор за прекин на огнот, но Израел не сака примирје бидејќи сака да ја окупира цела Газа.