Свет
Велика Британија тестира нов ракетен систем за одбрана на Фолкландските Острови
Британија успешно го спроведе првото тестирање на новиот систем за противракетна одбрана поставен за заштита на Фокландските Острови речиси 36 години по завршувањето на војната со Аргентина, пренесува британски „Дејли експрес“. Развивањето на системот чинело 250 милиони фунти, а снимките од тестот покажаа дека моќниот ракетен систем Land Ceptor, кој се поставува на камиони, ги оневозможува брзите беспилотни летала.
„Со оглед на интензивираните закани, од витално значење е нашите вооружени сили да бидат способни да ја зачуваат безбедноста на Велика Британија. Ceptor ќе биде сериозна заштита на бојното поле, заштита на нашите војници од напади со непријателски авиони”, рече британскиот секретар за одбрана, Гевин Вилијамсон.
Ракетниот систем е создаден од производителот на оружје МБДА и се состои од стандардна противвоздушна модуларна ракета (CAMM), возило за лансирање и две противпожарни возила за поддршка. Може да биде брзо распореден преку тежок терен и да биде донесен за помалку од 20 минути благодарение на неговата способност за лесно преместување.
Министерството за одбрана објави дека ќе ги замени батериите Rapier на Кралската артилерија за одбрана на Фолкландските Острови. Новиот систем ќе биде распореден низ целиот свет како копнен одбранбен систем против проектили, беспилотни летала и авиони. Тестот се одржа во близина на Балтичкото Море на шведскиот тест-полигон Видсел.
По завршувањето на Фокландската војна во 1982 година, Велика Британија инвестираше многу во одбраната на островите, вклучувајќи ја изградбата на новиот аеродром бо базата на РАФ „Маунт Плезант“, на 43 километри западно од главниот град Стенли. Базата стана целосно оперативна во 1986 година. Таму се стационирани четири бомбардери „тајфун“ кои обезбедуваат воздушна одбрана за островите и околните територии. Теситрањето на Land Ceptor доаѓа неколку дена откако секретарот за одбрана обелодни дека бил ставен во употреба Sea Ceptor, новиот поморски ракетен систем за одбрана, вреден 850 милиони американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

