Свет
Верските водачи од Авганистан ги забранија самоубиствените напади

Врховнoто верско тело на Авганистан денес издаде фатва со која самоубиствените напади се забрануваат според законот на шеријатот.
Советот на авганистанските улеми, во кој членуваат муслимански свештеници, научници и луѓе со авторитет во религијата и правото, издаде фатва на собир во Кабул, на кој присуствуваа повеќе од 2.000 члена на Советот.
Советот ги повика владините сили и талибанците и другите екстремисти да ги прекинат борбите и да воведад прекин на огнот. Исто така, беа побарани и мировни преговори во кои ќе учествуваат двете страни. Ова е првпат Советот да испрати ваков повик.
Членот на Советот, Гофранулах Мурат, прочита писмена изјава од состанокот во која се наведува дека невините авганистански мажи, жени и деца се жртви на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.
Свет
Израелската војска ги објави првите фотографии од ослободените заложници во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово ги објавија првите фотографии од заложниците ослободени од Хамас, кои подоцна беа предадени на израелската војска.
На фотографиите е и Алон Охел, како и близнаците Гали и Зив Берман како се прегрнуваат по нивното ослободување.
Фотографиите, исто така, ги прикажуваат Гали Берман и Гај Гилбоа-Далал како се среќаваат со израелски војници во Газа утрово.
По прекинот на огнот во Газа, Хамас денес ги ослободува израелските заложници што ги држеше повеќе од две години.
Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи, до пладне. За возврат, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи дека „војната е завршена“ додека патува на Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што ќе предводи мировен самит на кој ќе присуствуваат најмалку 20 светски лидери.