Свет
(Видео) Полицијата растури масовна божиќна забава на плажа во Сиднеј
Австралиската интервентна полиција во Сиднеј била повикана на популарната плажа Бронте во градот за да ја запре масовната божикна забава, пренесува „Ченел 9“.
Голема толпа народ се собрала во источното предградие на Сиднеј на божикна забава. Малкумина од присутните носеле маски и не одржувале социјална дистанца, како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи на австралиските медиуми.
#BREAKING: The riot squad has just been called in to break up a party on Bronte Beach, after hundreds flocked to celebrate at the location with little social distancing in sight. #9News pic.twitter.com/CUKZkkybxE
— 9News Sydney (@9NewsSyd) December 25, 2020
Областа се наоѓа на само неколку километри од северните плажи, каде што илјадници луѓе беа принудени да останат во карантин и да ги откажат своите божикни планови поради зголемениот број случаи на коронавирус.
Австралискиот ТВ-водител Џош Холт упати остри критики кон оние што учествувале во забавата и ги обвини т.н. божикни журкаџии за себичност.
I just don't get it………
Bronte Beach in Sydney today.
How can some people be this selfish when so many others are doing the right thing and sacrificing so much?
Makes me sad. pic.twitter.com/ZMY55rMruo— Josh Holt (@JoshHoltTEN) December 25, 2020
Според Министерството за здравство, Австралија регистрирала вкупно 28.262 случаи на Ковид-19 од избувнувањето на пандемијата. Бројот на починати сега изнесува 908. Земјата воведе голем број мерки за спречување на ширењето нови случаи на коронавируси, вклучувајќи социјално дистанцирање, делумен режим на ограничено движење и забрани за патување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.