Свет
(Видео) Автомобил во Сан Диего излета на тротоар, загинаа три лица, а шест се повредени

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени кога возило премина на тротоарот во центарот на Сан Диего и удри во група луѓе.
Несреќата се случила во тунел под надвозникот, каде што многу луѓе биле во тој момент засолнети од дождот, пренесуваат американските медиуми.
Возачот на карванот „волво“, стар 71 година, излегол да помогне и ја чекал полицијата. Тој во моментот е во притвор. Се испитува дали возел под дејство на алкохол или наркотични средства.
Покрај трите лица што починаа на самото место, уште најмалку две лица се пренесени во болница во критична состојба, соопштуваат медиумите.
Несреќата се случила во тунелот под надвозникот, каде што многу луѓе се засолниле од дождот, изјави шефот на полицијата, Давид Нишлате.
Иако не кажа дека тоа е место каде што доаѓаат бездомници, на тротоарот беа забележани шатори и лични работи, соопштуваат американските медиуми.
Возачот беше идентификуван како Крег Мартин Вос од Сан Диего и бил обвинет по неколку точки, пишуваат тамошните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.