Регион
(Видео) Аеродромот во Белград и натаму затворен, патниците со часови заглавени

Белградскиот аеродром, кој веќе со часови е затворен за слетување и полетување авиони, е во хаотична состојба, пишуваат српските медиуми. Патниците на аеродромот со часови чекаат да се качат на своите летови кои се откажуваат постојано поради техничките проблеми поради кои е затворен и аеродромот. Медиумите велат дека патниците се нервозни бидејќи доцнат нивните летови и поради тоа што има голем број патници што останале да чекаат на аеродромот, па некои од нив немаат ниту каде да седнат и мора да седат на подот.
Египетскиот патнички авион „боинг 737-800“ на авиокомпанијата „Египет ер“, кој без патници слета на аеродромот во Белград во 4.11 часот утринава, поради технички проблеми остана на пистата и предизвика застој во целиот авиосообраќај.
Според неофицијални информации на српските медиуми, авионот што слета во Белград, најверојатно, ги оштетил гумите при слетувањето. Четири лета на „Ер Србија“ беа пренасочени да слетаат на аеродромот во Ниш.
Од аеродромот „Никола Тесла“ велат дека се очекува пистата, која беше затворена со часови, набргу да биде подготвена за сообраќај.
На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград утрово немаше ниту слетување ниту полетување авиони и сите летови беа пренасочени кон алтернативни аеродроми, пишува српски „Курир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.