Свет
(Видео) Аеродромот во Глазгов делумно евакуиран поради сомнителен пакет
Летот на KLM Royal Dutch Airlines, кој пристигнал од Амстердам околу 10 часот утринава, бил изолиран на пистата како реакција на загриженоста поради сомнително парче багаж, е објавено на веб-страницата „Глазгов лајв“ повикувајќи се на соопштение од аеродромот.
Патниците биле евакуирани од дел од аеродромот во Глазгов по извештаите за сомнителниот пакет, јавуваат локалните медиуми, а продолжува истрагата за да се утврди содржната на пакетот, посочи портпаролот на аеродромот.
GLASGOW AIPORT LATEST: Major emergency response dealing with ‘ongoing incident’. Fire service environmental protection unit on standby along with ambulance incident trucks. @BBCScotlandNews pic.twitter.com/ZCiT7PnOkb
— Connor Gillies (@ConnorGillies) October 4, 2019
Според извештаите што ја цитираат сообраќајната полиција, затворен е и излезниот пат М8 што води кон транспортниот центар. Полициски, противпожарни и спасувачки служби, како и амбулантни возила, веднаш пристигнале на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

