Свет
(Видео) Алигатор нападнал жена, ја одвлекол во езерото и ја убил
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога алигатор од 3,3 метри нападнал жена која го шетала своето куче покрај езеро во Флорида, САД.
Застрашувачката снимка снимена со камера покажува како алигатор брзо излегува од езеро и ја одвлекува жената.
На видеото се слуша како една од соседките избезумено се јавува на 911 додека се обидува да и помогне на жената, но веќе било доцна.
85-годишната Глорија Серж починала откако алигаторот ја одвлекол во езерото, додека таа се обидувала да го спаси своето куче од рептилот.
Кучето го преживеало нападот, а алигаторот подоцна бил фатен и евтаназиран.
Во пензионерската заедница Spanish Lakes Fairways во Форт Пирс, Флорида, камерата ги снимила последните моменти на Глорија.
Жената може да се види како шета со кучето покрај езерото, а потоа се обидува да го тргне кучето од вилиците на алигаторот кој наместо тоа ја зграпчува и одвлекува во езерото.
Керол Томас (76), нејзината исплашена соседка, изјави дека се обидела да и помогне на жената јавувајќи се на 911.
„Има жена во езерото. Алигаторот ја фати!“, изјавила таа.
Корол рече дека донела столб за да се обиде да ја повлече жената, но немало шанси да стигне до неа.
„Тоа е страшно за нејзиното семејство“, додаде таа. „Тоа е едноставно ужасно, ужасно“.
Телото на несреќната жена подоцна било извлечено од езерото,пренесе Нова.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

