Свет
(Видео) Американскиот државен секретар Блинкен свири на гитара и пее: Не можев да ја пропуштам можноста да ги комбинирам музиката и дипломатијата

Американскиот државен секретар ентони Блинкен ја покрена Иницијативата за глобална музичка дипломатија и по отј повод свиреше на електрична гитара.
Иницијативата беше покрената како обид за издигнување на музиката како дипломатско средство за промовирање на мирот и демократијата, како и за поддршка на пошироките надворешнополитички цели на САД, се вели во официјалното соопштение на американскиот Стејт департмент.
I couldn’t pass up tonight’s opportunity to combine music and diplomacy. Was a pleasure to launch @StateDept’s new Global Music Diplomacy Initiative. pic.twitter.com/6MUfTXO9xK
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) September 28, 2023
Шефот на американската дипломатија објави видео како пее и свири на социјалната платформа Х.
„Не можев да ја пропуштам вечерашната можност да ги комбинирам музиката и дипломатијата. Ми беше задоволство да покренам нова иницијатива за глобалната музичка дипломатија на Стејт департментот“, објави државниот секретар Блинкен.
На снимката, Блинкен ја изведува песната „Hoochie Coochie Man“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.
Пресудата ѝ забранува на Ле Пен да учествува на изборите, што автоматски значи забрана за нејзино кандидирање за француски претседател во 2027 година, дури и ако поднесе жалба.
Ле Пен, како и осум други европратеници на РН, беа прогласени за виновни за проневера на јавни средства.
Марин Ле Пен ја напушти судницата веднаш штом судијата прочита дека и е забрането да учествува на избори, без да чека целосно да биде донесена пресудата, пренесоа француските медиуми.
Свет
Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија и забрана за учество на изборите.
Марин Ле Пен беше осудена веднаш да ја забрани нејзината кандидатура. Тоа е најлошото можно сценарио за лидерот на РН, бидејќи казната се применува веднаш.
Ле Пен пред пресудата изјави дека пресудата за вина може да значи нејзина „политичка смрт“. Судот утврди дека Ле Пен и РН неправилно користеле 3 милиони евра (3,25 милиони долари) од средствата на Европскиот парламент наменети за парламентарните асистенти, пишува Дојче веле.
Таа може да добие казна затвор до 10 години и забрана за политика најмалку 5 години. Обвинителството тврдеше дека парите биле искористени за плаќање на партискиот персонал во Франција помеѓу 2004 и 2016 година, што ги прекршило правилата на ЕУ.
Свет
Трамп: Јас сум бесен на Путин и тој го знае тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку утврди дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина. Овие мерки би можеле да стапат на сила во рок од еден месец доколку не се постигне прекин на огнот.
Трамп изјави за NBC News дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин предложи смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и формирање преодна влада со поддршка на Обединетите нации.
„Нова администрација значи дека нема да има договор долго време, нели? рече Трамп.
„Ако сме на средина на преговори, тогаш можам да кажам дека бев многу лут, бесен, кога Путин вчера почна да го доведува во прашање Зеленски… затоа што тоа едноставно не води во вистинската насока, разбирате?“
Трамп рече дека планира да разговара со Путин оваа недела. За време на претседателската кампања во 2024 година, тој постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „смешната“ војна во Украина, а тоа е прашањето на кое се фокусираше откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп повика на нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.