Свет
(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“
САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со Каракас, потег што исто така ги зголеми цените на нафтата.
„Тукушто запленувавме танкер крај брегот на Венецуела, голем танкер, многу голем, всушност најголемиот досега, а се случуваат и други работи“, рече Трамп.
На прашањето што ќе се случи со нафтата, Трамп рече: „Ќе ја задржиме, претпоставувам“.
Кратко по неговите првични коментари, беше објавена првата снимка од американските сили како го напаѓаат танкерот.
Today, the Federal Bureau of Investigation, Homeland Security Investigations, and the United States Coast Guard, with support from the Department of War, executed a seizure warrant for a crude oil tanker used to transport sanctioned oil from Venezuela and Iran. For multiple… pic.twitter.com/dNr0oAGl5x
— Attorney General Pamela Bondi (@AGPamBondi) December 10, 2025
Главниот обвинител на Трамп: Танкерот носел нафта од Венецуела и Иран
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека ФБИ, Службата за истраги за национална безбедност и крајбрежната стража на САД, со поддршка од Министерството за одбрана, заплениле танкер што носел санкционирана нафта од Венецуела и Иран.
Бонди рече дека танкерот со години бил под санкции на САД поради неговата улога во мрежа за нелегален транспорт на нафта што поддржува странски терористички организации. Заплената е извршена во водите покрај Венецуела.
„Ова заплена е спроведена безбедно и без инциденти, а нашата истрага со Министерството за внатрешна безбедност за пресретнување на пратката санкционирана нафта продолжува“, рече Бонди.
👀🇺🇸🇻🇪 The vessel seized by the U.S. is reportedly an oil tanker by the name of "SKIPPER" flying the Guyanese flag.
❗It was previously sanctioned for transporting both Iranian and Venezuelan oil. https://t.co/hBfHSchACY pic.twitter.com/HjZSIpekkQ
— Molo44 🇮🇹🇺🇦 (@MoloWarMonitor) December 10, 2025
Британската група го идентификуваше танкерот „Скипер“
Британската група за управување со поморски ризици „Вангард“ соопшти дека се верува дека танкерот „Скипер“ е запленет кај Венецуела.
САД воведоа санкции врз танкерот поради, како што рече Вашингтон, неговата вмешаност во трговијата со нафта на Иран кога се викал Адисa.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро зборуваше на комеморацијата на воената битка во среда, но не се осврна на извештаите за запленувањето на танкерот.
Мадуро тврдеше дека целта на американското воено засилување е да го собори од власт и да ја преземе контролата врз огромните резерви на нафта на земјата членка на ОПЕК.
Цените на нафтата се зголемија по веста за запленувањето
Цените на суровата нафта „Брент“ пораснаа за 27 центи, или 0,4 проценти, и достигнаа 62,21 долари за барел, додека цените за сурова нафта од типот „Вест Тексас интермедијар“ во САД пораснаа за 21 цент, исто така 0,4 проценти, и достигнаа 58,46 долари за барел.
Од почетокот на септември, администрацијата на Трамп изврши повеќе од 20 напади во Карибите и Пацификот врз бродови за кои се сомнева дека превезуваат дрога, при што загинаа повеќе од 80 лица.
фото: Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

