Свет
(Видео) Американците ја враќаат дома руската агентка Марија Бутина
Марија Бутина конечно се враќа дома откако помина повеќе од една година зад решетки во бизарен случај на антируска хистерија во кој активистката за оружје беше оцрнета во медиумите и затворена како нерегистриран странски агент, пренесува РТ.
Вашингтон соопшти дека Бутина, што САД ја сметаат за наводен руски шпион, денес ќе биде депортирана од Мајами, а рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, потврди дека таа утре наутро ќе пристигне во Москва.
„По повторените барања на амбасадата да се разјасни процедурата за враќање на Бутина во Русија, добивме конечен одговор дека на 25 октомври Марија ќе биде префрлена од сојузниот затвор во Талахаси во миграцискиот центар, од каде истиот ден ќе полета за Москва”, посочи Антонов.
Бутина беше уапсена на 15 јули 2018 година во Вашингтон и обвинета дека е нерегистриран агент на странска влада, односно на Руската Федерација, која за своите активности не ја известила американската влада и учествувала во заговор против неа.
Со други зборови, како што објавија американските медиуми, Бутина била руски шпион. Таа беше обвинета за развој на односи со американски лица и инфилтрирање во организации кои имаат влијание врз американската политика заради остварување на интересите на Руската Федерација.
Американското министерство за правда утврди дека Русинката од 2015 до 2017 година работела според упатства на висок официјален претставник на руската влада. Министерството објави дека тој функционер е под санкции, а американските медиуми открија дека станува збор за Александар Торшин, функционер на Руската централната банка. Шпанските иследници го поврзуваат Торшин со руската мафија и перење пари во странски банки.
Тие двајца со години се познати меѓу американските конзервативци и активистите за право на поседување оружје во НРА, најможната лоби-група во САД за правото на поседување оружје. Бутина основала руска верзија на здружението, наречено Право на носење оружје и често гостувала на конференциите на активистите за оружје, а високи претставници на НРА гостувале на руски конференции на нејзина покана.
Подоцна се дозна дека Бутина, исто така, учествувала на средби меѓу руски службеници и двајца високи функционери на Централната банка на САД (ФЕД) и американското Министерство за финансии во 2015 година.
На тие состаноци неколку луѓе блиски до тинк-тенк од Вашингтон кој ги организирал, учествувале Стенли Фишер, тогашен потпретседател на Управата на Американската централната банка, и Нејтан Шитс, тогашен потсекретар за меѓународни односи на Министерството за финансии.
Бутина беше уапсена во средината на 2018 година и осудена на 18 месеци затвор. Таа прифати спогодба со која призна вина откако беше задржана во самица и побара изрекување казна. Во спогодбата, Бутина е претставена како марионета на руските моќници, кои ѝ помогнале да се инфилтрира во НРА и Републиканската партија за да работи за руските интереси.
Интересно е тоа што Бутина беше обвинета само неколку дена откако американското обвинителство поднесе обвинение против 12 руски функционери од воени разузнавачки служби, осомничени за вмешаност во изборите во САД во 2016 година, а само неколку часа по состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

