Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Италија: страшната бура носеше се’ пред себе – оштетени патишта, мостови, автомобили и куќи
Драматична снимка од Италија, која денеска беше споделена на социјалните мрежи, покажува како изгледаше кога поројот однесе се пред себе, вклучително и дрвени мостови, во невремето што синоќа го зафати Јужен Тирол, на северот на земјата.
Надојдениот планински порој беше предизвикан од бура што зафати неколку области, главно областа Трентино-Алто Адиџе, во долината Пустериа.
Според тамошните медиуми, потоците, од кои најголем е Фуркелбах, во општината Оланг во близина на границата со Австрија, се претвориле во порои кои носеле дрвени мостови и автомобили од улиците, додека водата стигнала и до локалните куќи.
#EINSATZINFO: 29.07.23 – Lokal heftige Gewitter mit Starkregen mit bis zu 50 l/m² im oberen Pustertal haben am Samstagabend zu größeren Schäden geführt. Der Furkelbach hat in Gassl/Olang mehrere Brücken mit sich gerissen sowie Straßen und Gebäude vermurt. pic.twitter.com/IYrGEMMp77
— LFV Südtirol 🚒 UVF Alto Adige (@LFVSuedtirol) July 30, 2023
Силното невреме со грмежи предизвикало голема штета, но нема повредени, пренесе агенцијата „Анса“.
Патиштата се блокирани од кал и отпад што зад себе ги остави поројот.
Violenti temporali accompagnati da forti raffiche di vento si sono abbattuti su diverse zone dell’Alto Adige. Nelle zone colpite (Video di Valdaora) i Vigili del Fuoco hanno effettuato giá numerosi interventi! pic.twitter.com/h0AW41cvRT
— LFV Südtirol 🚒 UVF Alto Adige (@LFVSuedtirol) July 29, 2023
Под страшните снимки кои денеска беа споделени на социјалните мрежи се огласија жителите на ова место и споделија снимки од планинскиот порој кој пред само една година следеше обилни дождови и невреме и остави слични последици.
#EINSATZINFO: FF Kolfuschg – 29.07.23 – Gerölllawine nach heftigen Unwettern auf den großen Pisciadú-Parkplatz unterhalb des Grödner Jochs abgeganhen. Das Geröll verschüttete mehrere Fahrzeuge, Personen kamen glücklicherweise nicht zu Schaden pic.twitter.com/kQ5KR3vxVU
— LFV Südtirol 🚒 UVF Alto Adige (@LFVSuedtirol) July 29, 2023
На снимката се гледа дека поројот на реката Адиџе се спуштил од блиските планини и однел се пред себе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.
Свет
Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел
Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.
– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.
Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.
– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.
Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.
– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.
На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.
Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.