Европа
(Видео) Арапи кршеа излози и ограбуваа продавници, прославувајќи фудбалска победа во Париз

Арапи по потекло од Алжир се собраа синоќа во центарот на Париз за да ја прослават победата на својот фудбалски тим над репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска во Купот на Африка.
Во таа пригода предизвикале жестоки немири.
CAN 2019: la fête dégénère près des Champs-Élysées après la victoire de l’Algérie, deux magasins pillés pic.twitter.com/ya7vaM06cT
— BFMTV (@BFMTV) July 12, 2019
Неколку илјади луѓе се собрале околу 21 часот на Шанзелизе за да го прослават пласирањето на алжирскиот национален тим во полуфиналето на Африканскиот куп.
DIRECT ?? Incidents après la victoire de l’Algérie en quart de finale de la #CAN2019 : des affrontements toujours en cours notamment sur les Champs-Élysées à Paris, où les forces de l’ordre ont fait usage de moyens lacrymogènes. (images @Actu17) #CIVALG https://t.co/3B1momT4Yr pic.twitter.com/DlHJ0qGTjT
— Actu17 (@Actu17) July 11, 2019
Како што пренесуваат светските медиуми, немирите почнале околу полноќ, кога неколку групи луѓе почнале да ги кршат прозорците на блиските продавници.
Тие демолирале продавница за мотоцикли на производителот „Дукати“, од каде украле ракавици, кациги, па дури и мотори, додека полицијата не го сопрела грабежот.
?? Los festejos de la victoria de Argelia en la Copa Africana de Naciones tomó un giro particular en los Campos Elíseos, donde vandalizaron tiendas de automotores. Aquí, de motos Ducati. pic.twitter.com/VwriOWywaw
— Alejo Schapire (@aschapire) July 12, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин