Свет
(Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек, а на собирот дојде со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
На митингот тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – кој, како што подоцна се обиде да ја објасни неговата изјава. Наводно тој ги нарекол поддржувачите на Трамп „ѓубре“ во гаф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Свет
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.
Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.
Ова е удар за демократијата – рече нејзиниот адвокат.
– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.
Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.
Свет
Во експлозија во рудник во Шпанија загинаа 5 рудари

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во несреќа во рудник во северна Шпанија, соопшти итната помош.
Локалните медиуми први јавија дека имало експлозија во рудник за јаглен. Две лица кои исто така биле таму во моментот на инцидентот се неповредени, пренесува АП.
Управата за вонредни состојби во соопштението наведува дека за спасувачката операција мобилизирала три хеликоптери.
Претседателот на Астурија, Адриан Барбон, нареди да се прогласи дводневна жалост во таа покраина, јавува Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тој на Х.