Свет
(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина
Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд Трамп врз Украина да ѝ предаде дел од својата територија на Русија претставува модерно попуштање алудирајќи на политиката на смирување на Адолф Хитлер кон крајот на 30-тите.
Зборувајќи во Делавер, поранешниот американски претседател истакна дека рускиот претседател Владимир Путин верува оти Украина е дел од Русија и рече: „Секој што мисли дека ќе престане ако му се отстапи дел од територијата е едноставно наивен“.
Бајден зборуваше по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа предупредувајќи дека односите меѓу САД и Европа би можеле сериозно да се влошат под водство на сегашниот претседател Доналд Трамп. „Тоа би ја променило модерната историја на светот“, рече Бајден.
Бајден во интервју за „Би-би-си Радио 4“ се осврна и на својата одлука да се повлече од претседателската трка во 2024 година, само четири месеци пред изборите, по лошиот настап во дебатата што иницира сомнежи за неговата ментална и физичка подготвеност.
Кога го прашале дали требало да се откаже порано, Бајден одговорил: „Не мислам дека тоа ќе променеше многу. Заминавме во време кога имавме добар кандидат“.
Поранешниот претседател остро ги критикува предлозите на Трамп, како што се враќањето на Панамскиот Канал, купувањето на Гренланд и приклучувањето кон Канада како 51. држава. „Кој претседател го кажува тоа? Тоа не сме ние. Ние сме за слобода, демократија и можности, а не за присвојување“, рече тој.
Бајден тврдеше дека неговата администрација ѝ дала на Украина сè што ѝ е потребно за да ја одбрани и зачува својата независност и дека биле подготвени да дејствуваат уште порешително доколку Путин повторно го ескалира конфликтот.
View this post on Instagram
Тој исто така ги коментира изјавите на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и потпретседателот Џеј-Ди Венс, кој рече дека границите треба да бидат „замрзнати блиску до местото каде што се сега“ и дека „двете страни ќе мора да се откажат од нешто“. Министерот за одбрана Пит Хегсет ја нарече идејата за враќање на границите од 2014 година нереална.
На што Бајден одговори: „Тоа е современо попуштање“, повлекувајќи паралела со британскиот премиер Невил Чемберлен, кој во 30-тите се обиде да го смири Хитлер за да избегне војна, што се покажа како катастрофално.
Бајден предупреди дека Европа би можела да ја изгуби довербата во САД. „Лидерите се прашуваат – што сега? Може ли сè уште да се потпрат на САД? Дали ќе бидат со нас?“ рече тој.
Трамп претходно изјави дека очекува Русија да го задржи Крим, анексиран во 2014 година, и го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за поткопување на мировните преговори кога ги отфрли предлозите на САД.
Според извештаите, најновиот предлог од администрацијата на Трамп вклучува признавање на руската контрола врз делови од окупираната територија, вклучувајќи го и Крим – иако Белата куќа сè уште официјално не го потврдила ова.
Бајден исто така коментира за изјавите дека Украина мора да отстапи дел од својата територија за да го запре крвопролевањето: „Не разбирам како некој може да мисли дека диктатор ќе биде задоволен кога ќе му дадете нешто. Тоа не е начин на размислување што го разбирам“.
„Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина. Тој сè уште жали за распадот на СССР и сака нов варшавски пакт“, рече Бајден. Тој додаде дека се плаши оти некои членки на НАТО што граничат со Русија би можеле да заклучат дека е подобро да се најде компромис ако Украина се согласи на територијални отстапки.
Бајден исто така го критикува однесувањето на Трамп кон сојузниците, особено за време на неодамнешната средба со Володимир Зеленски во Белата куќа кога Трамп и Венс остро го нападнаа украинскиот претседател и побараа да покаже поголема благодарност. „Беше под нивото на Америка“, рече Бајден.
Тој исто така се осврна на првите месеци од вториот мандат на Трамп во текот на кои следуваа многубројни извршни одлуки и големи намалувања на владините трошоци. „Кога ја напуштив функцијата, економијата растеше, берзата беше силна, ширевме позитивно влијание и трговија“, рече тој. Кога беше прашан што мисли за новиот почеток на Трамп, Бајден одговори остро: „Нека историјата го процени тоа. Не гледам ништо триумфално во тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија и Катар повикуваат на прекин на војната
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, телефонски разговараше за американските и израелските напади врз Иран со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти руското МНР.
Лавров и шеикот Мохамед повикаа на прекин на какви било воени дејствија што би можеле да го дестабилизираат регионот, се вели во соопштението.
„Постои општ консензус за потребата од итно враќање на политичкиот и дипломатскиот процес со цел решавање на сите прашања меѓу Соединетите Држави, Израел и Исламската Република Иран врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.

