Свет
(Видео) Бајден заборави за срушената зграда, потпретседателката го потсети
Дали си сигурен дека не сакаш да кажеш уште нешто Џо – американската потпретседателка, Камала Харис, му пријде на претседателот за време на прес-конференција, што американските новинари ги доведе до заклучок дака таа го потсетува Бајден да каже нешто за уривањето на зградата на Флорида, во четвртокот.
Бајден зборуваше за инфраструктурен проект и попатно доби разни прашања од новинарите на пресот, а потоа сакаше да ја забрза процедурата со зборовите дека „мора да стигне до хеликоптерот што е можно побрзо“, кога Харис му пријде.
Претседателот и потпретседателката разменија краток, тивок разговор кој заврши со тоа што Харис рече: „Флорида, да“, објави „Њујорк пост“.
„О, да. Се извинувам. Ви благодарам, госпоѓо потпретседателке“, рече Бајден, враќајќи се кон микрофонот.
Бајден тогаш започна да зборува за несреќата што ја погоди областа Мајами, кога се сруши зграда од 12 ката.
Размерот на катастрофата сè уште не е познат, а досега се знае дека загинаа четири лица, а над 100 сè уште се водат како исчезнати.
„Работиме на тоа. Подготвени сме да ги искористиме сите достапни средства, почнувајќи од федералните извори, веднаш, веднаш. Покрај тоа, побаравме Федералната агенција за управување со вонредни состојби да оди во Флорида и да стори сé што е потребно, вклучително, доколку треба, да се евакуираат и други згради, да се најде сместување за раселените и сите да имаат покрив над главата, храна, вода“, рече Бајден во продолжение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека Израел практично го отфрлил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на посредниците во преговорите им доставил амандмани на предлогот, со што преговорите се вратиле на самиот почеток.
Хамас соопшти дека ќе одржи консултации со палестинските фракции за да ја разгледа преговарачката стратегија, објави Ројтерс.
Индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците се чини дека се заглавени без очигледен напредок, бидејќи Хамас рече дека нема намера да се откаже од предлогот веќе отфрлен од Израел.
Свет
Најмалку 60 лица се повредени во судир на воз и локомотива во Буенос Аирес
Најмалку 60 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
Пожарникарите, полицијата и брзата помош се на терен и помагаат да се префрлат повредените патници во болниците, објави Ројтерс.
Во судирот првиот вагон од патничкиот воз излета од шините и беше оштетен.
Свет
Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа во Авганистан во поплави по обилните дождови во северната провинција Баглан, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матен Кание.
Тој посочи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесе Ројтерс.
Кание рече дека има поплави во повеќе од пет области во Баглан по обилните дождови и на некои домаќинства им е потребна итна помош.
Тој додаде дека за вечерва се предвидуваат две силни невремиња.
„Министерството за внатрешни работи испрати екипи и хеликоптери во областа, но поради недостиг на светла за ноќно гледање во хеликоптерите, операцијата можеби нема да биде успешна“, рече тој.
Најмалку 33 лица загинаа, а 27 се повредени во силните поплави предизвикани од сезонските дождови во средината на април во Авганистан.
Поплави во април го погодија главниот град Кабул и неколку провинции низ земјата.