Свет
(Видео) Бајден: Јас сум одговорен за враќањето на Трамп во Белата куќа

Поранешниот американски претседател Џо Бајден изјави дека презема дел од одговорноста за реизборот на Доналд Трамп во Белата куќа. „Да, ја преземам одговорноста, бидејќи, видете, јас бев одговорен, а тој победи. Значи, знаете, ја преземам одговорноста“, рече тој за време на интервју за американската телевизиска мрежа Еј-би-си.
Бајден ги отфрли тврдењата за пад на сопствените когнитивни функции во текот на последната година од мандатот. „Тие грешат. Нема ништо што би го поткрепило тоа. Мислам дека единствената причина зошто се откажав од трката беше затоа што не сакав да имам поделена Демократска партија. Едноставно така е и затоа се откажав од трката“, нагласи Бајден.
„Мислев дека е подобро да ја ставам земјата пред моите интереси, пред моите лични интереси. Не се шегувам. Сериозен сум во врска со ова“, додаде тој.
На Бајден во интервјуто му се придружи и неговата сопруга Џил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху стигна во Белата куќа, Трамп уверен дека ќе има мир во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пристигна во Белата куќа, каде што беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.
За време на кратката средба пред новинарите, на прашање дали верува дека наскоро ќе биде постигнат мир во Газа, Трамп одговори: „Да, многу сум уверен.“
Двајцата лидери потоа се упатија на затворен состанок во Овалната соба, каде што се очекува да разговараат за нов мировен предлог од 21 точка. Подоцна е најавен заеднички ручек и прес-конференција, на која ќе бидат соопштени повеќе детали од разговорите.
Свет
Емиратите го притискаат Нетанјаху да го прифати планoт на Трамп за Газа

Обединетите Арапски Емирати го повикаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја поддржи мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа и да се откаже од плановите за анексија на Западниот Брег, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломатски извори.
Емиратите, кои ги нормализираа односите со Израел во рамки на Абрахамските договори, предупредија дека евентуална анексија би ја блокирала можноста за понатамошна нормализација со водечките арапски и муслимански држави, вклучително и Саудиска Арабија и Индонезија.
Ставот на Абу Даби му бил пренесен на Нетанјаху од шефот на дипломатијата на Емиратите, шеик Абдулах бин Зајед, на средба во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН.
Во меѓувреме, Нетанјаху престојува во Вашингтон, каде што денеска има средби со Трамп. Се очекува двајцата лидери да разговараат за нов мировен предлог од 21 точка за Газа, а подоцна е најавена и заедничка прес-конференција.
Свет
(Видео) Иранската ТВ ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

Иранската државна телевизија изврши цензура на снимки од министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, и нејзината шведска колешка, Марија Малмер Стенергард, замаглувајќи ги нивните голи колена за време на извештај од дипломатски средби на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад на платформата „X“ ја сподели снимката, опишувајќи ја цензурата како симптом на пошироките ограничувања на женските слободи во Иран.
On Iranian TV the knees of Finland’s and Sweden’s foreign ministers were blurred — so as not to “disturb” local viewers🙈
🇫🇮🇸🇪This week, Iran’s IRIB channel aired a report on Foreign Minister Abbas Araghchi’s meeting with Elina Valtonen and Maria Malmer Stenergard in New York… pic.twitter.com/MCHDEYqNqU
— NEXTA (@nexta_tv) September 29, 2025
Валтонен, во интервју за финскиот „Хелсингин Саномат“, истакна дека не ја прилагодува својата облека според тоа со кого се среќава:
„Имам политика да не присуствувам на настани каде е задолжително покривање на косата или лицето. Овој извештај е тажен и ја отсликува положбата на жените во Иран“, изјави таа.
Иранските државни медиуми редовно менуваат меѓународни снимки со жени кои не ги следат локалните исламски правила за облекување, а замаглувањето на делови од телото е дел од вообичаена практика.
Состанокот меѓу Валтонен, Стенергард и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се одржал на маргините на Генералното собрание на ОН, при што темите вклучувале регионална стабилност, човекови права и улогата на жените во дипломатијата.