Свет
(Видео) Бајден ја заврши радиотерапијата, ќерката објави фотографии и видеа: „Пресреќни сме“
Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера ја заврши радиотерапијата за рак на простата во стадиум 4, кој се проширил и на коските, објавува „Њујорк пост“.
Бајден (82) го означи крајот на своето лекување на Одделот за радиоактивна онкологија на „Пен медисин“ во Филаделфија учествувајќи во традиционалната церемонија на ѕвонење, ритуал што го симболизира крајот на лекувањето на пациентите со рак.
Ќерка му Ешли Бајден го сподели моментот на „Инстаграм“. „Ѕвончето заѕвони!“, напиша таа покрај видеото со татко ѝ како ѕвони со сребрено ѕвонче додека болничкиот персонал аплаудира.
„Им благодариме на неверојатните лекари, медицинските сестри и на персоналот во ‘Пен медисин’. Пресреќни сме“, додаде Ешли.
📺 WOW! Today President @JoeBiden rang the bell at Penn Medicine — new photos and videos shared by Ashley Biden capture the incredible moment.
Ashley said her dad has been “so damn brave” during his treatment. It even looks like he brought flowers for his doctor — which is so… pic.twitter.com/Mhh8XDZUIP
— Chris D. Jackson (@ChrisDJackson) October 20, 2025
Портпаролот на Бајден потврди за „Си-би-ес њуз“ дека поранешниот претседател го завршил лекувањето во болница во Филаделфија.
На Бајден, кој следниот месец ќе наполни 83 години, му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простатата, која метастазирала во мај.
Лекарите ја класифицираа болеста како високоризична, со Глисонова оценка 9 од 10, но рекоа дека е чувствителна на хормони, што овозможува да се лекува со лекови и со зрачење. Сè уште не е познато дали ќе се подложи на дополнителни третмани.
Загриженоста за здравјето и возраста на Бајден се зголеми во текот на последната година од неговиот мандат, а дијагнозата за рак иницира нови прашања за тоа дали се борел со болеста додека бил на функција. Поранешниот претседател, со видливо слаб изглед, го имаше своето прво јавно појавување во саботата кога неговата канцеларија објави дека се подложува на зрачење.
Тој присуствуваше на вечерна миса во црквата „Свети Јосиф“ на Брендивајн во Делавер.
Ешли Бајден исто така вчера објави фотографија со својот татко, поранешната прва дама Џил Бајден и двајвата внуци. „Тато беше толку храбар во текот на целиот третман. Благодарна сум“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

