Европа
(Видео) Белоруски демонстрантки им ги симнуваа маските на полицајците
Белорусите не престанаа да протестираат против победата на долгогодишниот претседател Александар Лукашенко за кого тврдат дека уште еднаш ја лажирал својата победа повеќе од еден месец по претседателските избори.
Ова е петти викенд по ред како Белорусите протестираат масовно и покрај бруталната полициска и воена репресија и киднапирањата и протерувањето на опозициските лидери од земјата. Полицијата вчера уапси и повеќе од 400 лица.
Важна улога на протестите во Белорусија имаат жените, кои организираа посебен „Марш на жените“. Снимките на кои жените се спротивставуваат на маскираните полицајци што се обидуваат да ги растераат или да ги приведат кружат на социјалните мрежи последниве денови.
Демонстрантките на овие снимки им ги симнуваат маските од лицето на полицијата и демонстрантите, како и на непознати лица во цивилна облека, за да го откријат нивниот идентитет.
#URGENT Meanwhile brutal arrests of women in #Minsk #Belarus continue, we can once again see the mistreatment of 73 year old #NinaBaginskaya and the riot police who are no longer scared of press attention. pic.twitter.com/BzY0zdp3ke
— Belarus Free Theatre (@BFreeTheatre) September 12, 2020
„Бруталното апсење во Минск продолжува и уште еднаш може да се види злоупотребата на 73-годишната Нина Багинскаја.
„Именувањето и засрамувањето е најефективната тактика на ненасилен отпор. Лесно е да се парализира интервентен полицаец – само ќе му ја симнете маската. „Безбедносните службеници стравуваат дека ќе завршат на каналот ‘Телеграм’ – ’Црна книга на Белорусија’ и дека подоцна ќе се појават на (странскиот) список со санкции“, напиша белорускиот новинар Франак Вијачорка на видео на „Твитер“ објаснувајќи ги тактиките на демонстрантите.
Belarus women are fighters ✊ pic.twitter.com/26IC0uCuRi
— Franak Viačorka (@franakviacorka) September 12, 2020
„Белоруските жени се борци“, напиша тој заедно со фотографии од туркањто на полицијата и демонстрантите, кои исто така ги објави.
Please, retweet. Watch how riot police were detaining peaceful protesters in Minsk today. I am wondering if the EU/US will be brave enough to impose individual sanctions against all those involved in the violent crackdown on non-violent protesters in Belarus. pic.twitter.com/KDIMDbyFHe
— Franak Viačorka (@franakviacorka) September 13, 2020
Вијачорка, меѓу другото, објави видео на кое полициски службеници за интервенција ги соборуваат мирните демонстранти и ги приведуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

