Европа
(Видео) Би-би-си: Генијалниот украински напад со беспилотни летала испраќа клучна порака до Русија – и Западот
Тешко е да се замисли нивото на дрскост – или досетливост – потребно за целосен напад на Украина врз руските воздухопловни сили, пишува дипломатскиот дописник на Би-би-си во Киев, Пол Адамс.
Тврдењето на Украина дека нападите предизвикале штета од 7 милијарди долари не може да се потврди независно, но јасно е дека „Операцијата ‘Пајажина’“ беше, благо речено, спектакуларен пропаганден удар. Украинците веќе ја споредуваат со најуспешните воени акции од почетокот на руската инвазија, како што се потонувањето на водечкиот брод на Црноморската флота, крстосувачот „Москва“, уривањето на Керчкиот мост во 2022 година и ракетниот напад врз пристаништето Севастопол една година подоцна.
Судејќи според деталите објавени во медиумите од страна на украинското воено разузнавање и СБУ, тоа е најсложениот план досега. Беше во подготовка 18 месеци и вклучуваше шверц на десетици мали беспилотни летала во Русија, нивно криење во специјални прегради во товарни камиони, нивно распоредување на најмалку четири локации оддалечени илјадници километри и, конечно, нивно далечинско лансирање кон блиските воени воздухопловни бази.
Not even the 007 movies managed to come up with something like this. pic.twitter.com/9RzIShiVDa
— Carl Bildt (@carlbildt) June 1, 2025
„Ниедна разузнавачка агенција во светот досега не направила нешто вакво“, изјави воениот аналитичар Серхиј Кузан за украинската телевизија. „Овие стратешки бомбардери се способни да извршат напади со долг дострел врз нас. Има само 120 од нив, а ние погодивме 40. Ова е неверојатен број“.
Важна порака до Русија и Западот
Тешко е да се процени степенот на штета, но украинскиот воен блогер Олександр Коваленко истакнува дека, дури и ако бомбардерите и авионите за команда и контрола не бидат уништени, последиците се огромни. „Штетата е таква што рускиот воено-индустриски комплекс, во сегашната состојба, најверојатно нема да може да ги обнови овие машини во блиска иднина“, напиша тој на „Телеграм“.
Стратешките бомбардери способни да носат ракети – „ту-95“, „ту-22“ и „ту-160“ – повеќе не се произведуваат. Поправката ќе биде исклучително тешка, а замената е практично невозможна. Губењето на суперсоничниот „ту-160“ ќе биде особено почувствувано, вели тој. „Денес, Руските воздухопловни сили загубија не само два од своите најретки авиони туку и вистински еднорози во своето јато“, напиша тој.
Покрај конкретната материјална штета, која можеби не е толку голема колку што проценуваат аналитичарите овде, „Операцијата ‘Пајажина’“ носи уште една важна порака – не само до Русија туку и до западните сојузници на Украина.
Holy shit, Ukraine is right now carrying out an unprecedentedly large operation to destroy multiple Russian strategic bombers at air bases across Russia.
Over 40 Russian aircraft have been reportedly targeted within a short period.
This is unprecedented. pic.twitter.com/mnL7XhGj4Q
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) June 1, 2025
Свјатослав Хоменко, кој пишува за украински Би-би-си, се присети на неодамнешен разговор со функционер од Киев. Функционерот беше разочаран. „Најголемиот проблем“, му рече тој на Свјатослав, „е што Американците се убедија дека веќе ја изгубивме војната. И сè друго произлегува од оваа претпоставка“.
Украинскиот воен новинар Илја Пономаренко во објава на платформата „Икс“ го сумира тоа на свој начин алудирајќи на озлогласената средба на претседателот Володимир Зеленски со Доналд Трамп во Овалната соба. „Ова се случува кога гордиот народ, кој е нападнат, не ги слуша оние што велат: На Украина ѝ остануваат само шест месеци, немате повеќе адути, само предадете се, Русија не може да изгуби“.
Уште појасен беше твитот од списанието „Бизнис Украина“, кој гордо порача: „Се утврди дека Украина сепак има адути. Денес, Зеленски играше улога на крал на беспилотните летала“. И тоа е пораката што украинските преговарачи ја носат со себе во Истанбул, каде што треба да одржат нови преговори за прекин на огнот со Кремљ: Украина сè уште се бори.

„Американците почнуваат да се однесуваат како нивната задача е да преговараат за најмеките услови за нашето предавање“, му рече еден функционер од Киев на Свјатослав Хоменко. „А потоа се навредуваат кога не им се заблагодаруваме. И, секако, не – затоа што не веруваме дека сме поразени“.
И покрај бавниот, но неуморен напредок на Русија во Донбас, Украина испраќа порака и до Москва и до администрацијата на Доналд Трамп: не отпишувајте нè сè уште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

