Свет
(Видео) „Боинг“ удри во „ербас“ на пистата во Ханој отсекувајќи му го крилото

„Виетнам ерлајнс“ суспендира четири пилоти кога „боинг“ удрил во паркиран „ербас“ на пистата, при што му бил оштетен стабилизаторот.
On Thursday, June 27, 2025, two #VietnamAirlines aircraft were involved in a ground collision at #Hanoi Noi Bai International Airport (HAN) in #Vietnam.
🎥 ©️ @phamtung2588#Boeing #B787 #Dreamliner #Airbus #A321 #aviation #avgeek #flights #travel #traveler pic.twitter.com/nStBDf9lYJ
— FlightMode (@FlightModeblog) June 28, 2025
Авион на „Виетнам ерлајнс“ се судрил со друг авион на истата компанија на аеродромот „Нои Баи“ во Ханој. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на „ербас“ при судирот на пистата.
Судирот се случил околу 14 часот во петокот кога „боинг 787“ се движел кон пистата и удрил во „ербас А321“, паркиран на платформата, кој чекал да полета за Диен Биен, објави VNExpress. Снимките покажуваат како десното крило на „боингот“ го сече стабилизаторот на „ербасот“ и минува низ него.
Another Video/Audio of Vietnam Airlines collision! Hear the 787’s engines roar as they overpower the A321’s rudder, pushing the entire aircraft. ✈️😱 pic.twitter.com/TRDyT5eti1
— Fahad Naim (@Fahadnaimb) June 28, 2025
„Виетнам ерлајнс“ суспендира четири пилоти, по двајца од секој авион, по несреќата, чија причина сè уште не е утврдена. Прелиминарните наоди укажуваат дека „ербасот“ не бил правилно паркиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.