Европа
(Видео) Бомбардиран руски Белгород, луѓето избегаа од избирачкото место, има повредени, запалени се автомобили
Во Белгород, поради ракетена закана, луѓето што дошле да гласаат биле принудени да го напуштат избирачкото место и да побегнат во прифатилиште, потврдил очевидец за руската државна новинска агенција „РИА новости“. По укинувањето на воздушната тревога, жителите на Белгород се вратија на гласачкото место и продолжија да гласаат.
👌 Election day in Belgorod
In the evening, they will tell how the heroic citizens of Belgorod came to the polling stations under rocket fire and all voted for putler 😃 pic.twitter.com/1T7uX95M78
— Eva 🇨🇿❤️🇺🇦❤️ (@Eva_CZ1) March 15, 2024
Пораката за опасност од ракетен напад во Белгород и Белгородската област е објавена во 8.10 часот по московско време. Од граѓаните беше побарано да останат дома и да не се доближуваат до прозорците. По 14 минути, алармот бил укинат. Се појавија повеќе видеа од нападот, вклучително и едно на кое се гледа како проектил удира во камион.
За нападот објави и градоначалникот на Белгород, Валентин Демидов, на својот канал на „Телеграм“. Тој објави дека бројот на жртви се искачи на три.
Voting in Belgorod was interrupted due to shelling
For those who don’t know, the presidential elections in the Russian Federation are held on March 15–17. There are few candidates, there is only one candidate.
The elections are illegal because they are also held in the occupied… pic.twitter.com/LYdfgRnHXa
— TOGA (@TOGAjano21) March 15, 2024
„Белгород утрово беше изложен на уште еден терористички напад од страна на украинските вооружени сили. Возам низ градот“, рече тој.
„Двајца мажи се повредени. Едниот е хоспитализиран со неколку скршени ребра и набиени гради. Другиот е префрлен во медицинска установа бидејќи лицето му било исечено од шрапнели. И една жена се појавила со потрес на мозокот и расеченица на прстот, но таа одби хоспитализација“, додаде тој.
⚡️🇷🇺Belgorod is under fire pic.twitter.com/Uf2z1Blkll
— 🇺🇦Ukrainian Front (@front_ukrainian) March 15, 2024
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, соопшти дека се оштетени 23 стана во седум станбени згради, два трговски центри, училиште, стадион и осум автомобили. Тој истакна дека итните служби се на терен.
🇺🇦🇷🇺 Belgorod under fire again. 5th day in a row. pic.twitter.com/vzBxUMx2Z7
— Geopolitics Pro🇱🇻 (@Geopolitics_pro) March 15, 2024
Инаку, руските гласачи утринава почнаа да излегуваат на гласање на тридневните претседателски избори, кои сигурно на Владимир Путин ќе му донесат уште еден шестгодишен мандат. Путин има три формални ривали: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

