Европа
(Видео) Борис Џонсон: Планот за брегзит на Тереза Меј е налудничав
Поранешниот британски секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, вчера одржа говор пред членовите на Конзервативната партија на годишниот конгрес во Бирмингем, во кој ги критикуваше предлозите за брегзит на премиерката Тереза Меј и ги повика конзервативците да се вратат на основните вредности.
Пречекан со долг аплауз и восклици, најмоќниот премиерски критичар во владејачката партија, Џонсон, рече дека нејзиниот т.н. „чекерс“ план да ја напуштат Европската Унија е налудничав и ја повика партијата да се врати на своите традиционални вредности на ниски даноци, закони и редови.
Во неговиот говор, опишан од „Вашингтон пост“ како „брутален”, Џонсон кажа дека пристапот на Меј кон брегзит е „политички понижувачки”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лукашенко го „освои“ седмиот мандат
Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на избори на кои немаше вистинска конкуренција.
Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.
Традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.
Со оглед на тоа што опозициските политичари се или во егзил или се затворени, а четворица алтернативни кандидати се сметаат за статисти одобрени од државата на наместени избори, се очекуваше Лукашенко да освои уште еден петгодишен претседателски мандат.
Европа
Фаворитот за германски канцелар вети продолжување на поддршката за Украина: „Тие мора да победат“
Фридрих Мерц, лидерот на германската опозиција и парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ (Унија), како и кандидат за иден германски канцелар, најави дека завршувањето на руската војна против Украина ќе биде клучен стратешки приоритет доколку тој стане канцелар, пишува Шпигел.
Според извештајот, Мерц ветил континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи дека ставањето крај на руската агресија ќе биде приоритет за неговата влада. Тој нагласи дека Украина мора да ја добие војната.
„Победата значи враќање на територијалниот интегритет со демократски легитимирана влада која има целосен суверенитет“.
Мерц, исто така, истакна дека Украина мора да има слобода да избира свои политички и воени сојузи.
Кандидатот за канцелар избегна директно да ја коментира актуелната дебата за предложениот пакет помош од 3 милијарди евра за дополнителни испораки на оружје. Како и сегашниот канцелар Олаф Шолц, Мерц остана на својот став дека Германија не смее да стане активна страна во војната.
Европа
Путин: Најдобро би било јас и Трамп да се сретнеме
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп треба да се сретнат за да разговараат за војната во Украина и цените на енергијата, прашања што американскиот претседател ги истакна во првите пет дена од неговата нова администрација.
Путин, сепак, рече дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина, освен ако Западот не се потпре на претседателот Володимир Зеленски за да го поништи декретот од 2022 година со кој се забрануваат преговори со рускиот лидер.
Путин го опиша Трамп, кој оваа недела и се закани на Русија со нови санкции и царини доколку не преговара за крај на војната, како паметен и прагматичен. Тој рече дека не очекува американскиот претседател да носи одлуки за санкции кои би влијаеле на американската економија.
„Затоа, најверојатно ќе биде подобро да се сретнеме, врз основа на денешната реалност, мирно да разговараме за сите оние области важни за САД и за Русија. Ние сме подготвени“, рече тој, додавајќи дека тоа зависи од изборот на американската страна.
Тоа беше најсилниот показател досега од Кремљ дека сака предвремен самит со Трамп по три години практично никаков контакт на високо ниво со западните лидери за војната во Украина.