Свет
(Видео) Бразилски политичар удри колега со стол за време на дебатата за градоначалник
Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Пауло, Бразил, нападнал друг со столче.
Хозе Луиз Датена и Пабло Маршал се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник. Сè беше пренесувано во живо од ТВ „Култура“. Подоцна, Датена изјави за ТВ „Култура“ дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.
🇧🇷Durante un debate a la alcaldía de Sao Paulo televisado en TV Cultura el día de ayer en la noche, José Luiz Datena, candidato por el PSDB , agredió físicamente con una silla a Pablo Marçal, candidato por el PRTB pic.twitter.com/hhdj6paIgF
— El geoexpositor (@Elgeoexpositor) September 16, 2024
„Дојде со случај што беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство“, вели Датена.
Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистира дека не се кае за своите постапки, пишува Си-ен-ен.
Маршал беше примен во болницата „Сирио Либанес“. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има тешкотии со дишењето. Од болницата велат дека добил повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

