Свет
(Видео) Бремена жена од Илиноис била прегазена пред својата куќа додека се обидувала да го спаси својот син од крадци
Бремена жена била прегазена пред својот дом додека се обидувала да го спаси својот 2-годишен син од киднапирање.
Жена (34) од Илиноис, САД, во четвртокот околу 15 часот и 35 минути била прегазена од двајца крадци, кои сакале да го украдат нејзниот автомобил додека нејзиниот син бил во него.
Мајката која била во шестиот месец од бременоста оставила едно од своите деца дома, а другото останало во автомобилот.
Кога се вратила по детето, бел модел БМВ од 2000-тите застанал на нејзиниот пат.
Крадците пробале да го украдат нејзиниот автомобил додека детето се уште било внатре.
Жената, чие име не се соопштува, храбро се обидела да се избори со крадците, но била претепана од разбојниците и паднала на земја.
Крадците го земале нејзиниот автомобил со кој ја прегазиле бремената жена.
A pregnant mum was run over on her driveway as she attempted to rescue her two-year-old son from being kidnappedhttps://t.co/WIoFZBCa1a
— MirrorUSNews (@MirrorUSNews) February 26, 2023
– Секако, таа се бореше за своето дете, бидејќи нејзиното дете беше во автомобилот. Меѓутоа, разбојникот ја соборил на земја, ја претепал и скокнал на возачкото седиште на нејзиниот Фолксваген – изјави заменик-шефот Кристофер Ковели.
Очевидец ја известил полицијата дека возилото заминало со детето.
Двајцата возачи брзо избегале од местото на настанот откако ги оставиле автомобилот и детето зад себе.
Лицето кое се јавило во итната помош истрчало да го спаси детето кое било збунето и исплашено.
Полицијата го пронашла украдениот автомобил на паркинг во близина на рутата 43.
Сепак, БМВ-то сè уште не е пронајдено,пренесе Блиц.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

