Свет
(Видео) Бројот на загинати во Индонезија се зголеми на 384 лица, стотици се повредени
Индонезиските власти објавија дека бројот на жртви од катасрофалните земјотреси и цунамито во градот Пал на островот Сулавеси се зголемил на 384 лица, додека стотици се повредени, информaцијата за големиот број на загинати која ја објавија властите во Индонезија ја пренесоа светските медиуми.

Властите наведоа дека бројот и натаму може да се зголемува, како и дека илјадници домови до сега се оштетени или уништени.
И во текот на ова утрово продолжуваат силни последователни потреси во овој крајбрежен град кој живее од туризмот.
Портпаролот на владината Агенција за вонредни ситуации, изјави дека е загрижен бидејќи бројот на жртви кој го посочија се однесувал само на местотo Пал и дека земјотресот и цунамито погодија два града и неколку населби во Сулавеси.

Индонезиски власти се уште немаат информации од градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Повеќе од 600.000 луѓе живеат во Донгала и Пал. Оваа област во текот на вчерашниот ден прво беше погодена од послаб земјотрес, при што загина еден човек и повредил најмалку десет лица, а по него следуваше катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала и цунамито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

