Свет
(Видео) Брутално претепан маж во САД кој пред демонстрантите извадил лак и стрела

Низ целата територија на САД се уште траат протестите поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаецот. Во текот на протестите во Солт Лејк Сити еден маж извади лак и стрела сакајќи да се справи со демонстрантите.
WOW: Man in Salt Lake City pulls bow and arrow on protesters blocking traffic and the protesters swarm him, disarm him, assault him then break and flip his vehicle.
— Michael James Coudrey (@MichaelCoudrey) May 31, 2020
Се почна кога опколените граѓани ја блокираа улицата и се судрија со еден возач. Човекот во еден момент извади лак и стрела и повика „Сите животи се битни“.
Неколку пати ја насочи стрелата кон демонстрантите, но тие брзо го совладаа и го претепаа. Му ги искршија сите прозорци на автомобилот и го превртеа.
BREAKING: Video out of Salt Lake City shows a man readying to aim a bow & arrow at demonstrators as he yells “all lives matter” – demonstrators jumped him and then set his car on fire. Police responded. pic.twitter.com/ErGUuygkVs
— David Begnaud (@DavidBegnaud) May 31, 2020
Протестите во Солт Лејк Сити и во неколку други големи градови низ Америка се одржуваат поради убиството на Џорџ Флојд во Минесота.
Протестите почнаа мирно, но се претворија во нереди поради што американската власт воведе полициски час во повеќе држави, а активирана е и Националната гарда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.