Свет
(Видео) Будистите го слават Божик, наместо Дедо Мраз, изнајмуваат слонови

Слонови облечени како Дедо Мраз им донеле подароци и слатки на учениците на Тајланд како дел од годишната божикна традиција во таа претежно будистичка земја.
Божикната прослава во училиштето „Џирасартвитаи“ во Ајутаја, северно од Бангкок, е традиционална веќе 15 години.
Оваа година четири слона и нивните чувари, кои исто така носеа капи на Дедо Мраз, го посетија училиштето и им поделија подароци на учениците, изјави сопственикот на кампот на слонови.
Слоновите танцувале и им покажувале трикови на учениците.
Слонот е национално животно на Тајланд и се појавува и во историјата и во литературата.
Тајланд е 98 отсто будистичка земја, но го слави Божик во рамките на празниците на крајот од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.
Европа
Германскиот министер за одбрана: Ова е катастрофа

НА предвремените парламентарни избори одржани на 23 февруари 2025 година, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоија 29 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) постигна историски успех со 19,5 отсто од гласовите. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го доживеа својот најлош резултат во својата историја, освојувајќи само 16 отсто од гласовите.
Германскиот министер за одбрана и член на СПД Борис Писториус го опиша изборниот резултат на неговата партија како „катастрофален“. Во интервју за АРД, Писториус изјави: „Ова е катастрофален, катастрофален резултат“. Тој ја истакна потребата од единство во партијата за надминување на оваа криза.
Актуелниот канцелар Олаф Шолц го призна поразот на СПД на изборите. Обраќајќи им се на партиските членови во Берлин, Шолц рече: „Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“. Тој повика на борба за демократија и единство во партијата за надминување на предизвиците што претстојат.
Европа
Вонреден самит на ЕУ за Украина свикан за 6 март

Европската унија свика вонреден самит за Украина и европската безбедност за 6 март, објави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
„Одлучив да свикам посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на социјалната мрежа Икс.
I have decided to convene a special European Council on 6 March.
We are living a defining moment for Ukraine and European security.
In my consultations with European leaders, I’ve heard a shared commitment to meet those challenges at EU level: strengthening European Defence…
— António Costa (@eucopresident) February 23, 2025
„Живееме во одлучувачки момент за Украина и европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во неговите консултации со европските лидери слушнал „заедничка посветеност“ за соочување со овие предизвици на ниво на ЕУ. Притоа го наведе „зајакнувањето на европската одбрана и одлучувачкиот придонес за мирот на нашиот континент и долгорочната безбедност на Украина“.
Тој исто така нагласи дека ќе продолжи да работи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6 март.