Свет
(Видео) Верниците се собираат во базиликата „Свети Петар“ на последниот ден од збогувањето со папата Францискo
Река верници, во текот на ноќта и до раните утрински часови денес, на последниот ден од збогувањето со папата Франциско пред неговиот погреб утре, се упатуваат во базиликата „Свети Петар“.
Базиликата беше отворена поголемиот дел од ноќта затворајќи ги вратите само три часа помеѓу 2.30 и 5.30 часот наутро.
Filipino Cardinal Louis Antonio Gokim Tagle led the fourth recitation of the Rosary in memory of Pope Francis at the Basilica of Saint Mary Major on Thursday evening, 24 April.https://t.co/g3UH8wNftf pic.twitter.com/NcT5eipwTP
— Vatican News (@VaticanNews) April 24, 2025
„Ноќта е најинтимниот момент, секогаш ноќе се манифестира Господ. Беше многу трогателно“, изјави за АФП, Николета Томасети, 60-годишна Италијанка, која го посети ковчегот на папата.
Телото на 88-годишниот папа, кој почина во понеделникот во своите соби во ватиканската црква „Света Марта“ по мозочен удар, беше однесено во церемонијална поворка до базиликата „Свети Петар“.
Оттогаш, речиси 130.000 луѓе од целиот свет се збогуваа со папата, соопшти Ватикан. „Чекаме со часови и часови, но не се чувствуваме уморно, не чувствуваме глад, не чувствуваме жед“, рече брат Вандо, 40-годишен бразилски капуцински монах.
Ковчегот ќе биде затворен вечерва во 20 часот. Кардиналот Камерленго Кевин Фарел, кој ќе ги води секојдневните работи на Ватикан сè додека не се избере нов папа, ќе ја предводи церемонијата на запечатување на ковчегот.
Се очекува денес во Рим да пристигнат повеќето од 50-те шефови на држави и 10 монарси, кои досега го потврдија своето присуство на погребот, вклучувајќи го и американскиот претседател, Доналд Трамп.
Италијанската агенција за цивилна заштита проценува дека неколку стотици илјади луѓе ќе пристигнат во Вечниот град овој викенд.
Италијанските и ватиканските власти воведоа строги безбедносни мерки околу плоштадот „Свети Петар“, при што илјадници волонтери и полицајци се распоредени во областа, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Конклавата за избор на нов папа, веројатно, нема да почне пред 6 мај. Во меѓувреме, кардиналите присутни во Рим, кои го презедоа привременото управување со Католичката црква, која брои 1,4 милијарда членови, ќе се состануваат секојдневно на општи конгрегации, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

