Свет
(Видео) Вооружен маж упаднал на забава во Колорадо и убил шест лица затоа што не бил поканет
Еден маж ги убил својата девојка и пет члена на нејзиното семејство на роденденска забава вознемирен бидејќи не бил поканет, соопштија официјални лица од американската сојузна држава Колорадо.
Според полицијата, 28-годишниот Теодоро Мацијас ги убил својата девојка Сандра Ибару-Перез (28) и уште пет други членови на нејзиното семејство, а потоа се самоубил.
Пукањето се случило во неделата во паркот за приколки и кампери во Колорадо Спрингс, „Кантербери“. Забавата била организирана за тројца членови на семејството, од кои двајца се убиени.
Од полицијата соопштија дека Макијас имал конфликт со семејството на својата девојка една недела порано и бил многу љубоморен.
„Приказната за овој ужасен чин е всушност приказна за семејно насилство“, рече Винс Ниски од полицијата во Колорадо Спрингс.
„Тој (Макијас) не беше поканет на семејниот собир, на што одговори со отворање оган“, додаде Ниски.
Непосредно пред нападот тројца тинејџери отишле кратко од забавата кај соседот за да земат нешто. Тие се вратиле по нападот, велат од полицијата.
На нападот присуствувале и три деца – на возраст од две, пет и 11 години, а полицијата вели дека тие не биле повредени.
Тие исто така наведуваат дека во приколката биле пронајдени 17 патрони.
Како што е наведено, напаѓачот бил тивок и сериозен човек, кој секогаш носел пиштол со себе.
Од полицијата тврдат дека напаѓачот немал дозвола за полуавтоматски пиштол.
Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, жестоко го осуди ужасниот чин на насилство во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

