Свет
(Видео) Во заседа застрелани полицајци во Лос Анџелес
Двајца полицајци од Лос Анџелес закрепнуваат во болница кога беа застрелани во заседа, соопшти полицијата.
Снимката од инцидентот покажува еден човек како се приближува до полициското возило по што пука во полицајците и бега.
We stand with our brothers and sisters at the @LASDHQ tonight. The thoughts and prayers of the men and women of the LAPD, are with the two deputies that were ambushed while sitting in their vehicle earlier this evening. https://t.co/zW4MKi6j6v
— LAPD HQ (@LAPDHQ) September 13, 2020
Не е познат идентитетот на полицајците, но неофицијално се дознава дека се работи за 31-годишна жена и 24-годишен маж. Полицајката е застрелана во градите и раката и била во критична состојба, но сега е стабилна по операцијата, велат од полицијата. Нејзиниот колега е застрелан во челото, раката и во дланката, а неговата состојба е опишана како алармантна, пренесе „Еј-би-си њуз“.
Шерифот на полицијата во Лос Анџелес, Алекс Вилануева, овој чин го нарече кукавички, а осомничениот за нападот се уште е во бегство.
We at @LASDHQ would like to offer our sincerest appreciation for the overwhelming support being offered from all over the Nation.
We also wish to thank @LACountyBOS for sponsoring the $100K reward for the arrest and conviction of this coward.https://t.co/6NJPRJ0r4w pic.twitter.com/w3WxdDNz31
— Alex Villanueva (@LACoSheriff) September 13, 2020
„Ова е само мрачен потсетник на тоа дека ова е опасна работа. Акциите имаат последици и нашата работа не станува полесна бидејќи луѓето не сакаат спроведување на законите“, рекол шерифот.
Полицијата објави дека нуди 100.000 долари награда за оној што ќе достави какви било информации за засега непознатиот напаѓач.
Last night I was arrested and charged with obstructing a peace officer by @LASDHQ after videotaping their interactions with protesters in Lynwood. This is what I remember and what I have on video and audio.
— Josie Huang (@josie_huang) September 13, 2020
Демонстрантите извикуваа пароли против полицијата и го блокираа влезот во амбуланта во која се наоѓаа двајцата повредени полицајци, соопшти полицијата. Уапсени се две лица, меѓу кои и еден новинар, за кој полицијата тврди дека се обидел да го попречи апсењето на друго лице, кое не се идентификувало како член на медиумите.
На својот профил на „Твитер“ претседателот, Доналд Трамп, сподели видео од инцидентот.
„ Животни што треба силно да бидат удрени“.
Неговиот демократски противник на претстојните избори, Џо Бајден, рече дека се моли полицајците да закрепнат што е можно побргу.
This cold-blooded shooting is unconscionable and the perpetrator must be brought to justice.
Violence of any kind is wrong; those who commit it should be caught and punished.
Jill and I are keeping the deputies and their loved ones in our hearts and praying for a full recovery. https://t.co/330QfeIUGg
— Joe Biden (@JoeBiden) September 13, 2020
„Ова ладнокрвно пукање е несовесно и сторителот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, објави тој на „Твитер“.
„Насилството од секаков вид е погрешно; оние што го прават тоа треба да бидат фатени и казнети“, додаде Бајден.
Статистиката на ФБИ открива дека во 2020 година биле убиени речиси 40 дежурни полицајци. Осуммина од нив се жртви на заседи како оваа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

