Свет
(Видео) „Вратете ни го она што ни го украдовте!“: објавена снимка од нападот врз Чарлс III во Австралија, сенаторката викаше по британскиот крал

На вториот ден од неговата официјална посета на Австралија британскиот крал Чарлс III се соочи со непријатност веднаш по завршувањето на својот говор во австралискиот парламент.
Лидија Торп, сенаторка од Абориџините од Австралија, јавно го критикува кралот, а сега се појави и видео од овој настан.
„Ова не е ваша земја! Ти не си мој крал! Вратете ни ја државата! Вратете ни го она што ни го украдовте! Нашите коски, нашите черепи, нашите бебиња, нашите луѓе! Ти не си мој крал! Ја уништивте нашата земја“, извикала Торп облечена во традиционална облека на Абориџините.
Обезбедувањето морало да интервенира и да ја спречи да се приближи до кралот по што била изведена надвор од салата за Чарлс да продолжи со разговорите со австралискиот премиер, Ентони Албаниси.
„Скај њуз“ објави дека Торп е првата Абориџинка од државата Викторија која станала сенатор, а кога положила заклетва во австралискиот парламент, одбила да се заколне на верност на тогашната британска кралица Елизабета Втора, мајка на Чарлс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.