Свет
(Видео) Гваидо пречекан во Венецуела со протести, судири и повици дека е убиец
Хаос избувна на аеродромот во главниот град на Венецуела, Каракас, кога Хуан Гваидо, кој беше прогласен за привремен претседател од опозицијата, се врати од патување во странство, пренесува РТ.
Гваидо во вторникот пристигна на меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ во Каракас по завршувањето на турнејата за поддршка, во текот на која присуствуваше на годишното обраќање до нацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во Вашингтон.
Тензиите први избувнаа кога Гваидо ја минуваше пасошката контрола. Додека разговараше со службеникот за имиграција, Гваидо ненадејно се соочи со лута жена, која го обвини за продажба на земјата. Жената беше облечена во светла црвена маица, која често ја носат приврзаниците на главниот противник на Гваидо, претседателот Николас Мадуро.
Failed coup frontman Juan Guaido gets a taste of how Venezuelan citizens feel about his circuit through foreign countries trying to drum up support for regime change immediately after landing at Caracas airport pic.twitter.com/yjayHW3O1X
— Alex Rubinstein (@RealAlexRubi) February 11, 2020
Следуваше жестока расправија, во која жената го полеа Гваидо со вода.
Кога се ослободи од демонстрантот, Гваидо се сретна со својата сопруга Фабијана Розалес, неколку опозициски пратеници и група негови приврзаници.
Во меѓувреме, околу 200 демонстранти се собраа пред аеродромот извикувајќи „Убиец!“. Ова доведе до тепачка меѓу двете групи кога Гваидо го напушташе аеродромот штитен од своите приврзаници. Тој успеа безбедно да влезе во автомобилот и да замине додека провладините активисти го клоцаа и го удираа возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

