Свет
(Видео) Голема експлозија во Кенија, има загинати
Во голема експлозија на гас во главниот град на Кенија, Најроби, загинаа најмалку две лица, а повредени се најмалку 222. Камион со гас експлодираше во областа Ембакаси околу 23:30 часот, „предизвикувајќи голем пожар“, изјави владиниот портпарол Исак Мваура.
Оштетени се станбени згради, комерцијални објекти и автомобили, а на видеото се гледа како голем пожар беснее во близина на станбените блокови. Претходно владата соопшти дека експлозијата се случила во фабрика за гас. Причината се уште се утврдува.
WATCH: Massive gas explosion in Nairobi, Kenya. At least 2 dead, 167 injured. Death toll expected to rise pic.twitter.com/cfle9onXYT
— BNO News (@BNONews) February 2, 2024
Мваура рече дека огнената топка од експлозијата „се раширила многу“, а летечка плинска боца удрила во складиште за облека и текстил, палејќи го. Тој додаде дека пожарот се проширил низ неколку населени места.
Two people killed, 222 injured after an explosion at a gas refilling company in Embakasi, Nairobi. pic.twitter.com/Ekn5w46Bfl
— Citizen TV Kenya (@citizentvkenya) February 2, 2024
Очевидци изјавија за локалните медиуми дека почувствувале потреси веднаш по експлозијата. Многумина од повредените наводно имаат повреди при вдишување, а меѓу нив има најмалку 25 деца, пишува весникот Стандард.
„Бев изгорен додека се обидував да избегам“, изјави за Ројтерс еден од повредените, Бонифасис Сифуна. „Експлодираше точно пред мене, ударот ме собори и ме зафати во пламен. Имам среќа што бев доволно силен да излезам“.
Кенискиот Црвен крст објави на социјалните мрежи дека екипажите „неуморно се борат со пламените јазици“. Мваура рече дека местото на експлозијата е обезбедено и формиран е команден центар за да помогне во координирањето на спасувачките операции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

