Свет
(Видео) Големи пожари во Калифорнија, евакуирани 8.000 луѓе

Околу 8.000 беа евакуирани од своите домови во округот Риверсајд во јужна Калифорнија, поради шумските пожари што горат на површина од околу 16.000 хектари, соопшти надлежната противпожарна служба.
Пожарот бил пријавен во петокот, во долината Чери, населба лоцирана на околу 130 километри од Лос Анџелес, каде според претходните информации една куќа целосно изгорела.
Досега се евакуирани 2.585 куќи во округот Риверсајд, во кои живеат нешто помалку од 8.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Извори: Трамп верува дека нема многу избор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека е неопходно да се онеспособи нуклеарниот погон Фордо на Иран, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на повеќе извори.
Според овие извори, Трамп е свесен за ризиците и придобивките од евентуално бомбардирање на постројката и неговиот став е дека „нема многу избор“.
„Тој верува дека нема многу избор“, изјави еден извор за „Си-би-ес“. „Завршувањето на работата значи уништување на Фордоу“, додаде тој.
Како што претходно објавија американските медиуми, Трамп со денови ја разгледува евентуалната вмешаност на САД во ескалирачкиот конфликт. Во среда, тој им рече на новинарите дека сè уште не донел конечна одлука.
„Си-би-ес“ додава дека Трамп, според информациите од четврток наутро, сè уште разгледува опции и сè уште не донел цврста одлука.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи им порача на Израелците: Немојте да се приближувате до воени локации

Министерот за надворешни работи на Иран ги повика Израелците да избегнуваат да бидат во близина на „воени и разузнавачки локации“ додека Иран продолжува да извршува напади.
Абас Арагчи напиша на Икс дека иранската војска „прецизно“ елиминирала израелски штаб на команда, контрола и разузнавање и „уште една витална цел“. Тој истакна дека „ударниот бран“ предизвикал „површинска штета“ на блискиот медицински центар Сорока, за кој тврди дека лекувал повредени израелски војници во Газа.
Израел тврди дека Иран директно ја нападнал болницата, додека Иран вели дека нападнале команден центар во близина на медицинскиот центар. „Стотици невини Иранци се убиени ладнокрвно откако Израел ја започна својата нелегална војна против иранскиот народ минатата недела“, рече Арагчи.
„Нашите моќни вооружени сили ќе продолжат да напаѓаат криминалци кои го напаѓаат нашиот народ сè додека не престанат и не платат за нивната криминална агресија против нашата нација“, додаде тој.
Министерот за надворешни работи на Иран утре ќе отпатува во Женева, Швајцарија, за да се сретне со европските колеги на разговори. Дипломат за Си-ен-ен изјави дека разговорите ќе се фокусираат на „што може да се постигне“ за да се стави крај на конфликтот.
Свет
„Волстрит журнал“ објави дека американскиот претседател одобрил планови за напад врз Иран; Трамп: Тие немаат поим!

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит журнал“ дека одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба.
„Си-би-ес њуз“ вчера објави слични информации.
Трамп се огласи на својата сметка на социјалните мрежи „Трут Соушл“ за накратко да каже: „’Волстрит журнал’ нема поим какви се моите мисли за Иран!“