Свет
(Видео) Голем пожар во психијатриска болница во Јапонија, загинаа 27 лица
Најмалку 27 лица загинаа во пожар што зафати психијатриска болница во јапонскиот град Осака. Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Официјалните лица соопштија дека уште едно лице е повредено.
Полицијата го истражува подметнувањето пожар и наводите дека маж ја запалил зградата, соопшти локална агенција, повикувајќи се на истражителите.
Други локални медиуми јавуваат дека постар маж донел кеса од која истекувала запалива течност и потоа избил пожар. Оттаму додаваат дека се верува оти се работи за пациент на оваа институција.
Пожарот избувнал веднаш по отворањето на клиниката во 10:00 часот по локално време и во најголем дел бил изгаснат по 30 минути, јавува јавниот сервис НХК.
Во зградата каде што избувна пожарот има и салон за убавина, продавница за облека и училиште за англиски јазик.
Веб-страницата на клиниката не е достапна, но онлајн архивата наведува дека лекува пациенти кои страдаат од депресија, проблеми со паника, нарушувања на спиењето и анемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Воз и камион се судрија во Германија, десетици повредени, најмалку еден загинат
Најмалку едно лице загина, а 25 се повредени во судир на брз воз и камион во Хамбург, Германија.
Во несреќата шест лица се тешко повредени, соопшти германската полиција.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, еден од патниците во возот бил германскиот телевизиски комичар Бернхард Хокер (54), кој во несреќата се здобил со полесни повреди.
Според извештаите, возот во кој се наоѓале 291 патник се судрил со камион кој превезувал делови од шините.
Иако се уште не е позната точната причина за несреќата, очевидци изјавија дека камионот се обидел да го помине железничкиот премин токму во моментот кога се затвориле бариерите, оставајќи го задниот дел од камионот на шините.
Повредените патници се евакуирани и транспортирани со автобуси до блиската станица.
Повредениот сопатник имал 55 години и починал на местото на настанот.
Причината за несреќата се уште е нејасна, а возачот на камионот е приведен на распит.
Според информациите од федералната полиција, несреќата се случила и покрај итното сопирање на возот.
Полицијата и спасувачките служби распоредија хеликоптер за да помогне во евакуацијата на повредените.
Свет
Русите: Украинците испраќаат дополнителни тенкови во Курск, како и чешки и канадски платеници
Командата на вооружените сили на Украина почна да префрла платеници од Чешка и Канада на територијата на Курската област, објавено е на каналот Two Majors.
„Непријателот внесува тенкови во регионот, а има извештаи за пристигнување на групи платеници од Чешка и Канада“, се вели во соопштението, пренесено од „инфо24.ру“.
Се тврди дека некои од нив се поранешни воени лица, додека други се членови на неонацистички организации кои своето прво борбено искуство го стекнале во Украина.
Од друга страна, како што пишува „инфо24“, руската армија се бори за областите околу Махнивка. Исто така, маринци на руските вооружени сили напредуваат во околината на Куриловка и се приближуваат до Судца од југ. Според извештаите на каналот, украинските борци веќе се протерани од нивното упориште во Свердликово и околината. Руските сили успеале да одбијат и украински напад кон градот Руско Поречно, тврдат Русите.
Руските вооружени сили нападнале хотел во Криви Рих, кој украинската војска наводно го користела како привремено сместување.
Според каналот, во операцијата учествувал оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер, а како резултат на нападот биле уништени припадници на вооружените сили на Украина и странски платеници.
„Ракети погодија хотел во центарот на Криви Рих. Според прелиминарните информации, целта била привремено сместување на странски платеници и членови на украински формации“, се вели во соопштението.
Свет
Рубио: Израел не може да дозволи Хамас да ги обнови силите додека е во сила прекинот на огнот
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Израел не може да дозволи Хамас да го користи сегашниот прекин на огнот за повторно да ги зајакне своите сили.
„Дел од предизвикот овде е тоа што Хамас продолжува да користи мрежи за шверц на оружје и помош за сопствена реконструкција“, рече Рубио за време на интервјуто за NewsNation.
„Израел не може да го дозволи тоа. Не можете да му дозволите на Хамас да го користи прекинот на огнот за обнова и враќање на силата“, продолжи тој. „Ова е прекин на огнот, но не е глупав прекин на огнот.
Според „Тајмс оф Израел“, Хамас во последните денови се закани дека нема да ги ослободи следните тројца заложници закажани за сабота, тврдејќи дека Израел го прекршил прекинот на огнот со ограничување на протокот на помош, тврдење кое Ерусалим го отфрли.
Запрашан за тврдењето на Хамас, Рубио одговори: „Не можете да верувате во ништо што вели Хамас“. Во одделно интервју за Фокс њуз, Рубио рече дека Хамас го „крши договорот“, без да навлегува во детали.
Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го изгубил трпението откако ја видел состојбата на исцрпените заложници кои Хамас ги ослободи минатиот викенд.
„Уморен е да чека по еден, двајца или тројца луѓе одеднаш. Време е сите да си одат дома“, тврди Рубио.
„Ако овие луѓе не се држат до договорот во сабота, мислам дека се враќаме во ситуација од пред неколку месеци, каде што Хамас ќе биде елиминиран, а Израелците ќе влезат и ќе го решат тој проблем“, рече Рубио. Тој додаде дека Вашингтон е отворен да ги слуша алтернативните планови на арапските сојузници кои се противат на предлогот на Трамп за преземање на Газа.
„Ако на луѓето не им се допаѓа планот на Трамп за Газа – во моментов, тоа е единствениот план. Сега останува на арапските земји… ако мислат дека имаат подобар план, треба да го слушнеме“, рече државниот секретар, повторувајќи го ставот што минатата недела го искажа американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.