Свет
(Видео) Гореше облакодер во Хонг Конг: евакуирани околу 130 луѓе

Речиси 130 луѓе беа евакуирани во трговската зона во Хонг Конг по пожарот во еден облакодер, соопшти полицијата, од каде што се вели дека нема загинати лица.
Пожарникарите рано утрово го изгаснаа пожарот во облакодерот и околните објекти, а пламенот беше видлив и од другата страна на пристаништето, објави „Ројтерс“.
A fire tore through the upper floors of a skyscraper that was under construction in the Tsim Sha Tsui area of Hong Kong in the early hours of Friday pic.twitter.com/W3ncm5ZI3v
— Reuters (@Reuters) March 2, 2023
Сведоците потврдија за британската агенција дека пожарот опфатил неколку од горните катови и дека пламенот се проширил и на соседните објекти.
Полицијата соопшти дека причината за пожарот сè уште е непозната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.
Свет
Израелската војска ги објави првите фотографии од ослободените заложници во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово ги објавија првите фотографии од заложниците ослободени од Хамас, кои подоцна беа предадени на израелската војска.
На фотографиите е и Алон Охел, како и близнаците Гали и Зив Берман како се прегрнуваат по нивното ослободување.
Фотографиите, исто така, ги прикажуваат Гали Берман и Гај Гилбоа-Далал како се среќаваат со израелски војници во Газа утрово.
По прекинот на огнот во Газа, Хамас денес ги ослободува израелските заложници што ги држеше повеќе од две години.
Хамас треба да ослободи 48 заложници, од кои се верува дека 20 се живи, до пладне. За возврат, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1.700 лица уапсени во Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи дека „војната е завршена“ додека патува на Блискиот Исток. Трамп ќе се обрати пред израелскиот парламент, а потоа ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што ќе предводи мировен самит на кој ќе присуствуваат најмалку 20 светски лидери.