Европа
(Видео) Гори руска воена база на Крим, затворен автопат, планирана е евакуација на 2.000 луѓе

Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим, кој беше поставен од Москва, на „Телеграм“ напиша дека е планирана привремена евакуација на околу две илјади луѓе од округот Кировски на анектираниот полуостров. Причина за евакуацијата е пожар кој избувнал на воените полигони, јавува руската државна новинска агенција „Тасс“.
💥 Russia’s munitions warehouse in occupied Crimea has been destroyed. pic.twitter.com/kg7sVWzBLm
— Igor Sushko (@igorsushko) July 19, 2023
„Планирана е привремена евакуација на населението од четири населени места. Вкупно се работи за 2.000 луѓе“, рече Аксјонов.
‼️ Evacuation in Crimea!!! 2000 people! https://t.co/4MPUNOYNyG
All because of a detonation at a landfill in the Kirov district! Ukraine needs https://t.co/SY1UsMmKlP 🚀 ! Where is https://t.co/JGMTqMuEVi ? pic.twitter.com/3TjdrkmkJ0
— Slava Ukraini 🇺🇦 Making Spaces Great Again 🛸 (@Heroiam_Slava) July 19, 2023
Тој потврди дека блискиот автопат „Таврида“ е затворен. Поради пожарот, формиран е кризен тим. Претходно, новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека имало експлозии на воените полигони за обука.
Инаку, Русите вчера објавија дека ноќта од понеделник кон вторник собориле 28 украински беспилотни летала над Крим. Според информациите на руското Министерство за одбрана, во тој напад нема жртви или материјална штета. Вчерашниот напад следуваше по нападот на дронови на украинската морнарица на мостот на Крим во понеделникот, кој предизвика штети и го прекина патниот сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото/Видео) Украинците и Русите разменија затвореници

Украина и Русија извршија нова размена на затвореници, при што 185 украински војници и 20 цивили се вратија дома, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.
„Враќаме дома 185 наши ветерани од руско заробеништво. Сто осумдесет и три се војници и подофицери, а двајца се офицери. Тоа се војници на вооружените сили, Националната гарда и Државната гранична служба. Заедно со нашите ветерани, дома се враќаат и цивили – 20 наши луѓе. Секој сигурно ќе ја добие целата потребна поддршка“, објави Зеленски.
Тој рече дека ослободените учествувале во борбите во Мариупол и Азовстал, како и во нуклеарната централа Чернобил, а повеќето биле држени во заробеништво од 2022 година.
„Им се заблагодаруваме на сите што ги овозможуваат овие размени. Од почетокот на општата инвазија, веќе вративме повеќе од 7.000 наши луѓе дома. Мора да ги вратиме сите и на тоа работиме секој ден“, рече Зеленски.
Претходната размена на затвореници меѓу Украина и Русија се случи на 24 август, кога беа ослободени припадници на вооружените сили, Националната гарда, граничната полиција и цивили – меѓу нив новинарот Дмитро Хилук и поранешниот градоначалник на Херсон, Володимир Миколаенко.
Според руското Министерство за одбрана, размената е извршена во согласност со договорите постигнати меѓу Москва и Киев во Истанбул на 23 јули.
Вкупно 185 руски војници и 20 цивили се вратени од територија контролирана од Украина. Оние што се вратени од украинско заробеништво моментално се во Белорусија, каде што ја добиваат потребната медицинска и психолошка нега.
„Сите вратени руски војници и цивили ќе бидат префрлени во Руската Федерација на лекување и рехабилитација во медицински установи“, соопшти министерството.
Европа
Москва се заканува со последици ако ЕУ го искористи рускиот имот за финансирање на кредит за Украина

Русија денес изјави дека идејата за користење на нејзините замрзнати средства за кредитирање на Украина, за која дискутираат лидерите на ЕУ, е неразумна и би предизвикала многу остра реакција од Москва, додека белгискиот премиер повика на споделена одговорност меѓу земјите-членки во случај на таков план.
Манипулирањето со руските средства би претставувало кршење на меѓународното право, а Москва има богат арсенал на економски и политички средства за соодветно да одговори, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Русија сака да ги потсети владите на ЕУ, а особено Белгија, каде што се наоѓаат повеќето од замрзнатите средства на Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски, предупреди таа.
На вчерашниот самит во Копенхаген, лидерите на ЕУ изразија широка поддршка за идејата за користење на руски средства замрзнати на Запад за да се обезбеди заем од 140 милијарди евра на Украина без конфискација на средствата.
ЕУ сè уште треба да ги среди сложените правни и финансиски аспекти, а меѓу предлозите е враќање на средствата ако и кога Украина ќе добие репарации од Русија според мировен договор.
„Не сакам ни да дискутирам за овој концепт, толку е неразумен. Но, зборот репарации ми го привлече вниманието… За какви исплати на репарации зборува Урсула фон дер Лајен?“, се подбиваше Захарова.
Русија ја добива војната против Украина, а репарациите ги плаќаат губитниците, тврди таа.
Европа
Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.
За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.
Die Toni-Pfülf-Schule bleibt für die Dauer des Einsatzes geschlossen. https://t.co/qpYQtATM4O
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) October 1, 2025
Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.
Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.
фото: принтскрин