Европа
(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа
Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел од структурата на центарот се урнал, што им отежнувало на пожарникарите да го изгаснат пожарот, пренесува „Ројтерс“.
Трговскиот центар Мега се наоѓа во Химки, а пожарот се проширил на површина од околу 7.000 квадратни метри. Експлозии се гледаат и на видеата кои почнаа да се шират на социјалните мрежи. Засега нема извештаи за жртви.
„Пожарникарите гаснат пожар на површина од 7.000 метри квадратни во околината на Москва“, објави на Твитер рускиот министер за вонредни ситуации.
Во првиот извештај на официјалната новинска агенција ТАСС се наведува дека „се случи експлозија во хипермаркетот ОБИ во трговскиот центар Мега Химки, по што следеше колапс“. Истиот извор се повикува на тврдењата на итната помош, според кои изворот на пожарот наводно е краток спој. Од друга страна, државната агенција РИА пишува дека пожарот бил подметнат пожар.
И други руски агенции пренесоа дека итните служби се сомневаат дека причина за големиот пожар е „криминален чин“. „Сметаме дека тоа било планирано, дека пожарот бил подметнат“, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименуван извор. Агенцијата „Спутник“ додава дека кривичното дело е „меѓу главните можни причинители“ за пожарот.
Мега Химки е еден од најголемите трговски центри во Европа со околу 200 продавници за малопродажба, вклучувајќи го и ОБИ, кој е еден од главните закупци.
Пред инвазијата на Украина и повлекувањето на бројни компании од Русија, тој беше дом на голем број западни трговски синџири, вклучително и една од првите продавници на ИКЕА во таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Виткоф: Во преговорите меѓу Русија и Украина остана само едно прашање
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за разговорите Украина-Русија, денес нагласи дека останува „само едно прашање“ што може да се реши ако двете страни сакаат.
Виткоф се придружи на панел-дискусија за Украина во Давос, велејќи дека преговорите се „на крајот од процесот“ и дека е „оптимист“.
„Се сведовме на едно прашање, разговаравме за различни верзии од него, што значи дека е решливо“, нагласи американскиот мултимилијардер кој беше назначен за пратеник од Доналд Трамп пред 11 месеци.
„Ако двете страни сакаат да го решат, ние ќе го решиме“, рече тој.
На панел-дискусијата, Виткоф го пофали украинскиот преговарачки тим, со кого „поминал повеќе од сто часа“ од состаноците во Женева.
„Буквално е толку обемно“, рече пратеникот, кажувајќи им на Украинците во салата дека се претставени од „неверојатен преговарачки тим“.
По Давос, Виткоф патува за Москва, каде што е најавен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и за Абу Даби, каде што работни тимови од Украина и Русија работат на преговорите.
„Мислам дека ќе успееме“, ја заврши својата интервенција пратеникот.
Европа
(Видео) Погоден нафтен терминал во Русија, има загинати
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во руската Краснодарска област загинаа две лица, соопшти гувернерот Венијамин Кондратиев доцна вчера вечер.
„Нафтениот терминал моментално е во пламен, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 парчиња опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев.
On Wednesday evening, Ukraine carried out strikes on the Tamanneftegaz oil and gas terminal located near the settlement of Volna in Krasnodar Krai, southern Russia.
A video below shows the activity of Russian air defenses in the area and the moment of one of the Ukrainian… pic.twitter.com/GBEXwOiJx1
— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) January 21, 2026
Тој додаде дека ова е втора ноќ по ред Краснодарската област да биде изложена на напади. Во ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски. Во објектот избувна пожар. Тоа е една од најголемите рафинерии во јужна Русија, која и претходно беше цел на напади со беспилотни летала. Пожари беа регистрирани таму и по нападите во септември и ноември минатата година.
Украина ги смета руските енергетски објекти за воени цели бидејќи тие директно ја финансираат војната на Русија против Украина. Киев редовно извршува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослабне воените способности на Кремљ.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.

