Свет
(Видео) Грабежи низ Лос Анџелес: крадци се облекуваат како пожарникари за да упаднат во напуштени домови
Полицијата уапси голем број разбојници облечени како пожарникари кои упаднаа во напуштени домови во Лос Анџелес, каде околу 35.000 домови и деловни објекти се уште се без струја поради разорните пожари.
Пожарите ги оштетија далноводите низ Калифорнија, пишува Sky News. Во меѓувреме, силниот ветер придонесува за брзо ширење на пожарот и го оневозможува работењето на авионите за гаснење на пожарот.
Palisades Fire in Los Angeles.
Videos by: Sam Dubin pic.twitter.com/jN3XHThEEQ— Chris (@christophergia) January 8, 2025
Еден од големите проблеми со кои се соочува целата област е разбојниците кои провалуваат во напуштените празни куќи. Евидентирани се голем број случаи на разбојништва, а дел од разбојниците се облечени како пожарникари за полесно да влезат на туѓ имот.
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес изјави дека голем број луѓе биле уапсени.
– Уапсивме две лица кои се претставуваа како пожарникари и кои влегуваа во напуштени куќи и ги ограбуваа – рече тој.
PALISADES FIRE UPDATE – 1/11, 11:30 a.m.
The Palisades Fire has burned 22,660 acres, with 11% containment, 5,000+ structures damaged/destroyed, 426 homes confirmed destroyed (Malibu and Pacific Palisades).
Read the full update: https://t.co/8Ey2YYCL16. pic.twitter.com/iPicZpclpo
— City of Malibu (@CityMalibu) January 11, 2025
Според досегашните информации, во пожарите кои почнаа да се шират на 7 јануари загинале 16 лица, а повеќе од 150.000 биле евакуирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

