Европа
(Видео) Градоначалникот на Милано вџашен од бројот на шетачи
 
																								
												
												
											Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, е разочаран од големиот број луѓе, кои и покрај тоа што правилата за физичко растојание и натаму важат, синоќа се шетале покрај каналите во овој италијански град игнорирајќи ја опасноста да бидат заразени со коронавирус.
Според Си-ен-ен, се појавиле и фотографии на кои покрај каналот можат да се видат голем број шетачи, а Сала ги нарече сликите срамни.
Контролите ќе бидат засилени, а доколку работите не се променат, тој дел од градот ќе биде затворен, се закани градоначалникот со своевиден ултиматум.
Според најновата одлука на надлежните, во Италија од понеделникот во тек е втората фаза од борбата против коронавирусот, а граѓаните сега може да излегуваат од своите домови за да одат на работа, да купуваат продукти или да посетуваат членови на семејството, како и поради здравствени причини и спорт или физички активности на отворено.
Сепак, забрането е собирање во поголеми групи и задолжително е физичко растојание од најмалку еден метар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Европа
(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура
 
														Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот Орјол, Владимирската и Јарославската област, објавија руските власти и медиумите. Украинските беспилотни летала ја погодија и оштетија термоцентрала во Орјол, додека експлозии се случија и во близина на клучна трафостаница и рафинерија за нафта во други области, објави „Киев Индепендент“.
Жителите на градот Орјол пријавија гласни експлозии во текот на ноќта, а рускиот опозициски канал „Астра“ објави снимки од надзорни камери кои го снимија моментот на нападот врз локалната термоцентрала.
The “Vladimirskaya” Electrical Substation Attacked Near Vladimir — OSINT Analysis by ASTRA pic.twitter.com/aP2ukzKhXF
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) October 31, 2025
Регионалниот гувернер Андреј Кличков го потврди нападот, но рече дека термоцентралата Орјол била погодена од остатоци од пресретнатите беспилотни летала, што „предизвикало оштетување на опремата за напојување“. Тој додаде дека немало пожари или жртви, дека поправките се во тек и дека снабдувањето со електрична енергија е „скоро целосно обновено“.
Централата, со капацитет од најмалку 330 мегавати (MW), е во сопственост на RIR Energo, која работи како дел од државната енергетска корпорација Росатом.
Повеќе експлозии се регистрирани и во руските градови Владимир и Јарослав, каде што локалните жители, исто така, слушнале воздушна одбрана, според руските канали на Телеграм.
‼️🇷🇺—-The Vladimirskaya Power Substation was struck by what is reported as 2 explosions.
From telegram—-
“The Vladimirskaya 750 kV substation is one of the largest and most powerful in Europe. Located in the Vladimir region, it is a strategic hub of the Unified Energy System of… pic.twitter.com/fZxVsPMiCe
— 🇷🇺 Vanguard-Veritas🇨🇦 (@RussCan91) October 31, 2025
Според анализата на „Астра“, нападите во Владимир биле насочени кон електричната трафостаница „Владимир“, еден од клучните енергетски центри во регионот. Гувернерот на Владимирската област, Александар Авдејев, го потврдил нападот врз инфраструктурен објект во близина на градот, без да прецизира за што точно станува збор.
„Непријателот изврши напад врз инфраструктура во близина на градот Владимир. Сите системи моментално работат нормално. Специјалистите работат на терен“, рече тој. Во Јарослав, експлозии се слушнале во близина на рафинеријата за нафта Ново-Јарославски.
Овие напади се случија само еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура во ноќта на 30 октомври. Според ДТЕК, најголемата приватна енергетска компанија во Украина, Русија потоа погодила повеќе термоцентрали низ целата земја.
фото: принтскрин
Европа
Бебе во Германија се роди со тежина од 300 грама: детето сега е здраво и добро се развива
 
														Тим специјалисти во Универзитетската болница во Магдебург, Германија, успешно лекуваа бебе родено 16 недели предвреме, со тежина од само 300 грама, а детето сега е здраво и добро се развива, се вели во соопштението на болницата.
Семејството одлучи да остане анонимно, па болницата не објави кога се случило раѓањето на бебето.
Перинаталниот центар, предводен од главниот лекар д-р Ралф Бетгер, е специјализиран за грижа за предвреме родени бебиња уште во 23-тата недела од бременоста. Мултидисциплинарен тим од лекари, терапевти и медицински сестри ги следи децата и нивните семејства од првиот ден.
Лекувањето новороденче со тежина од само 300 грама претставува огромен предизвик за медицинскиот тим.

„Вентилацијата, интравенската исхрана и заштитата на чувствителната кожа и на органите бараат исклучително прецизен и внимателен пристап. Детето беше на вештачка вентилација седум недели пред да може само да дише“, објасни д-р Бетгер.
Семејството, конечно, можеше да си оди дома девет недели по проценетиот термин за раѓање. И покрај тоа што се роди екстремно рано, бебето немаше сериозни компликации. Промените на мрежницата, кои се чести кај предвремено родените бебиња, беа успешно третирани со лекови и не беа потребни визуелни помагала.
Во текот на целиот престој во болница родителите беа тесно вклучени во грижата за да се поттикне поврзувањето со детето и да се зголеми нивната самодоверба. Болничкиот тим нагласува дека таквата посветеност од родителите барала многу време и енергија, но била неопходна за закрепнување. Поддршката на тимот за семејството продолжила и по отпуштањето во нивниот дом.
Со родилна тежина од само 300 грама стапката на преживување во светот е приближно 25 проценти. Затоа позитивниот исход од овој случај е импресивен доказ дека долгогодишното искуство, најсовремената технологија и интензивното вклучување на родителите може да спасат животи.

Универзитетската болница во Магдебург е посветена на највисоките стандарди за квалитет во перинаталната нега. Како еден од водечките центри во Германија со исклучително високи стапки на преживување за најмалите предвреме родени бебиња, болницата планира дополнително да ја прошири својата експертиза преку регионална соработка и развој на телемедицински услуги.
фото: принтскрин
Европа
Уапсен третиот осомничен за грабежот во „Лувр“, јавува француска телевизија
 
														Трет осомничен е уапсен во врска со грабежот во музејот „Лувр“ во Париз, објави утрово француската телевизиска станица БФМ.
Полицијата го уапси во средата вечерта во парискиот регион, а според БФМ, осомничен е дека бил на местото на злосторството кога се случил грабежот.
Четири маскирани крадци украдоа скапоцен накит од галеријата „Аполон“ во „Лувр“, во која се сместени кралските скапоцености на Франција, за време на работното време наутро на 19 октомври откривајќи ги слабостите во безбедносниот систем на најпосетуваниот музеј во светот.
Двајца мажи уапсени минатиот викенд под сомнение дека влегле во музејот низ прозорецот на горниот кат и ги украле скапоцените предмети делумно признаа за нивната вмешаност во грабежот, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител.
Накитот сè уште не е пронајден.
фото: принтскрин


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											