Свет
(Видео) Градот каде што изби пандемијата лудо се забавува
Илјадници млади Кинези за викендот го преполнија аква-паркот во градот Вухан, од каде почна заразата со коронавирус. Очигледно дека тие биле желни за забава, откако во градот полека се враќа животот во нормала. Популарниот аква-парк во Вухан беше исполнет со весели млади луѓе во костими за капење, кои танцуваа на електронска музика, некои во мали гумени чамци, некои само пливајќи, без притоа да се почитуваат мерките за заштита. Без маски и држење физичка дистанца.
Аква-паркот повторно е отворен во јуни, во рамки на постепеното отворање на градот по 76-дневниот карантин и строгите мерки.
VIDEO: ?? Crowds packed out a water park over the weekend in the central Chinese city of #Wuhan, where the #coronavirus first emerged late last year, keen to party as the city edges back to normal life pic.twitter.com/SJFBmx5sU8
— AFP news agency (@AFP) August 17, 2020
Минатиот викенд аква-паркот бил исполнет половина од вообичаениот капацитет, а жените добиле и 50 проценти попуст.
Првите познати случаи на Ковид-19 се забележани минатата година во Вухан, градот од 11 милиони жители, по што вирусот се прошири во целиот свет.
Thousands of Chinese ignored the coronavirus and participated last weekend in a techno music macro party at a water park in Wuhan, where Coronavirus disease emerged at the end of 2019, which generated controversy this Monday on social networks. pic.twitter.com/tJKPQq8knW
— David (@DavidPrzMX) August 17, 2020
Во Вухан карантинот беше укинат во април, а од средината на мај нема официјално потврдени случаи на зараза во провинцијата Хубеј, чиј главен град е Вухан.
За да ја поттикне локалната економија, владата на Хубеј понуди бесплатен влез на 400 туристички локации на својата територија.
Кина во голема мера ја сопре епидемијата на коронавирусот, но повремените жаришта и сериозните летни поплави и натаму многу ја загрозуваат нејзината економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

