Свет
(Видео) „Гринпис Русија“: Пожарот беснее на еден километар од Чернобил
Огромен шумски пожар во Украина беснее повеќе од една недела на еден километар од напуштената нуклеарка во Чернобил, предупредува организацијата „Гринпис Русија“. Од организацијата велат дека пожарот претставува ризик од радијација.
Украинската служба за вонредни ситуации соопшти дека уште се бори со пожарите, но дека ситуацијата е под контрола, пренесува „Ројтерс“.
На видеоснимките, што ги објави агенцијата во неделата, може да се види црн чад, дрвја како горат, а пожарникарите од хеликоптери се обидуваат да го угаснат огнот. Фотографиите од воздух во забранетата зона 30 километри од местото на најголемата светска нуклеарна несреќа, до која дојде во 1986 година, покажуваат изгорена и поцрнета земја и јагленисани стебла.
Службата за вонредни ситуации соопшти дека нивото на радијација во забранетата зона не се променило, а во регионот на Киев не се надминати вообичаените нивоа.
Forest fires that have been burning for several days in Ukraine are now no more than a few kilometers from the abandoned #Chernobyl nuclear plant,
⏩ It was now just 2km (1.24 miles) from where the most dangerous waste from the plant was stored.
In the midst of #COVID19 pic.twitter.com/nKvl0wVwtd
— World Updates (@Rntk____) April 13, 2020
Од „Гринпис Русија“ велат дека ситуацијата е многу полоша од тоа што украинските власти веруваат, како и дека пожарите покриваат подрачје 1.000 пати поголемо од тоа што тврдат научниците, кои на 4 април соопштија дека пламенот опфатил површина од 20 хектари, а „Гринпис“ повика на сателитски снимки кои покажуваат дека во тоа време била зафатена површина од речиси 12.000 хектари.
„Според сателитските снимки снимени денеска, површината на најголемиот пожар достигна 34.400 хектари“, соопштија од организацијата и доаваат дека вториот пожар, кој се простира на 12.600 хектари, бил оддалечен само еден километар од нуклеарката.
Fire raging near Ukraine’s Chernobyl poses radiation risk, say activists https://t.co/diGhvMItrP pic.twitter.com/P8wW1CuonN
— Reuters (@Reuters) April 13, 2020
Украинските власти веднаш не одговорија на барањето за коментар на ваквите тврдења.
Шефот на енергетскиот проект во „Гринпис Русија“, Рашид Алимов, рекол дека пожарите потпомогнати од ветрот би можеле да ги прошират радиотопите, атомите што емитуваат радијација.
Forest fires are raging in the Chernobyl exclusion zone as authorities warned radiation in the epicenter of the fire exceeds the normal levels pic.twitter.com/pqeFFMGUdu
— Reuters (@Reuters) April 12, 2020
Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека двата пожара се прошириле длабоко во забранетата зона. Пожарите избија на 3 април во западниот дел на забранетата зона и се проширија на околните шуми.
Полицијата наведе дека е идентификуван 27-годишен локален жител кого го обвинуваат дека намерно го запалил пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

