Свет
(Видео) Десетици загинати по торнадата и поплавите во САД
Силни ветришта и тешки временски услови го погодија североисточниот дел на САД во текот на вчерашниот ден, еден ден откако повеќе торнада и невреме протатнеа низ јужниот дел од САД и убија најмалку 32 лица, пренесува „Спутник“.
Националната метеоролошка служба на САД објави претходно дека крајбрежјето на среден Атлантик во југоисточен Њујорк и дел од јужна Нова Англија ќе се соочат со силно невреме.
Bronx, New York – Tree down Bronx clay ave between East 168 and East 167 st Bronx at the start of today's storm and dangerous winds
video by Daniel Valls (FNTV https://t.co/MKhP0Go9IL) pic.twitter.com/h1lolJKCc0
— @SCOOTERCASTER (@ScooterCasterNY) April 13, 2020
„Неколку силни невремиња со град и налети од ветер се можни над северниот дел на Флорида попладнево и подоцна вечерва“, објави службата.
Во часовите што следуваа по првичните предупредувања од официјалните лица, соборени беа дрвја и далноводите во државата Њујорк кога моќните ветрови ја погодија областа. Силен ветер од речиси 70 км/час дувал и во Њу Џерси и Делавер, пренесува Weather.com. Во твит во понеделникот градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, ги повика њујорчаните да останат дома.
Како резултат на силното невреме, околу 15 милиони луѓе по должината на источниот брег преку Делавер, Мериленд, Њу Џерси и централна и источна Пенсилванија беа ставени под надзор за торнадо.
HCOEM Assessing the damage with the National Weather Service. Unbelievable the amount of damage. This is East Brainerd area. pic.twitter.com/hzwRogZT6K
— HamCoTNES (@HamCoTNES) April 13, 2020
Повеќе патишта во Конектикат исто така беа затворени во понеделникот поради моќните налети на ветер. Локациите за тестирање на Ковид-19 во Њујорк, Њу Џерси и Конектикат беа затворени. Предупредувања за силен ветер беа издадени и во североисточниот дел на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија до крајбрежјето на Мејн, како и за делови од Источното Големо Езеро и Апалачките Планини, објави Weather.com.
Во неделата имаше најмалку 40 пријави за торнада во Тексас, Арканзас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Тенеси и во Каролина.
We are on Deer Park Road at one of the hardest hit areas. Everywhere you look, memories are destroyed.
Homes are flattened. Lives are lost. Missing dogs are wandering. pic.twitter.com/n2zv5LTrMP
— Kiley Thomas (@KileyThomasNews) April 13, 2020
Поради невремето, кое предизвика поплави и лизгање на земјиштето во регионите помеѓу Тексас и Мејн, гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, во неделата ги олабави правилата за социјално дистанцирање поврзани со Ковид-19 бидејќи државата се соочи со тешки временски услови.
Во Чатанога, Тенеси, оштетени се најмалку 150 куќи и згради, а во Арканзас едно лице загина кога дрво паднало врз неговиот дом во Вајтхол. Други смртни случаи поврзани со невремето забележани се во Јужна Каролина, Џорџија, Северна Каролина, Тенеси, Мисисипи и во Алабама.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се осврна на уништувањето на брифингот во Белата куќа и изјави дека неговата администрација прави сè што е можно за да ги задржи овие заедници на нозе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

