Свет
(Видео) Детето плаче, а таткото ги држи ѕидовите додека се тресе куќата – снимка го прикажува хоророт во Јапонија
Застрашувачки снимки од семеен дом се појавија од Јапонија на кои се прикажани размерите на силните земјотреси кои денеска ја погодија земјата.
Најмалку едно лице загина откако се урна зграда во Јапонија по серија силни потреси, а итно предупредување за цунами беше издадено откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер ја погоди префектурата Ишикава на првиот ден од новата година, предизвикувајќи голема штета на патишта и домови.
Поголемиот дел од населението на Јапонија ги почувствува силните земјотреси и над 80 последователни потреси кои оставија над 36.000 домови без струја.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како човек се обидува да се држи за ѕидовите и да спречи нештата да паѓаат додека целата негова куќа во Канаваза, Ишикава, се тресе.
Во позадина се слуша женски глас и детски плач. Лицето кое го сподели клипот подоцна потврди дека сите членови на семејството се безбедни.
Повеќе од 50 земјотреси – вклучително и еден со јачина од 7,6 степени – ја потресоа денеска Јапонија. Десетици згради се урнаа на западниот брег на земјата, каде беа издадени предупредувања за цунами од пет метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) ФБИ: Спречивме потенцијален терористички напад на Нова Година
ФБИ објави дека спречи потенцијален терористички напад во Северна Каролина во пресрет на Нова Година. Според агенцијата, осомничениот бил директно инспириран од постапките на ИСИС, пишува „ABC News“.
„Лицето било директно инспирирано да дејствува од ИСИС“, соопшти ФБИ во објава на социјалната мрежа Икс.
Директорот на ФБИ, Кеш Пател, исто така, се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на партнерите за нивната соработка.
„Им благодариме на нашите одлични партнери што работеа со нас и несомнено спасија животи“, напиша Пател.
Свет
Медведев за Зеленски: „Кловнот избра нов шеф на својот кабинет – терорист“
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го коментираше назначувањето на шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, иронично нарекувајќи го одличен избор за позицијата началник на кабинетот на Владимир Зеленски.
„Проклетиот кловн, кој го изгуби својот легитимитет, избра нов шеф на својот кабинет. Тоа е терористот Буданов. Одличен избор“, изјави Медведев за руските медиуми.
Како што изјави, штета е што е празно само едно место, истакнувајќи дека „второто место требало да му се понуди на истакнатиот воен командант Валериј Залужни“.
Според него, ова би ги отстранило двајцата потенцијални противници на претседателските избори од шаховската табла.
Сепак, тој верува дека ова нема да му помогне на украинскиот претседател, чија судбина, додава тој, е веќе запечатена.
Зеленски го назначи шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов (на списокот на терористи во Русија), за шеф на својот кабинет, потсетуваат медиумите.
Таа позиција беше испразнета откако Зеленски го отпушти Андреј Јермак поради негова вмешаност во корупциски скандал.
Регион
Трагедија во Дубровник: тело на маж од БиХ извлечено од морето: бил повлечен во водата додека се фотографирал со семејството
Телото на граѓанин на Босна и Херцеговина беше извлечено од морето на бродот на Пристанишната управа на Дубровник по долга и исклучително тешка борба со многу високи бранови, објави Хина.
Капетанот на пристаништето во Дубровник, Мато Кекез, претходно потврди дека телото на маж е пронајдено во морето на 200 метри од брегот, кое утрово го повлекле брановите во морето од карпата во подножјето на ѕидините на Дубровник.
Мажот бил повлечен од брановите во морето од карпата додека тој се фотографирал со семејството.
Бродот на Капетанот на пристаништето, тројца вработени во поморската гранична полиција, двајца пожарникари и еден нуркач беа на позиции за спасувачка акција , но времето беше многу лошо, што го отежнуваше извлекувањето на телата.
Заедно со Пристанишната управа и полицијата, во потрагата учествуваа и членови на ХГС С и граѓанинот Доминко Радиќ.
„Најдов еден пар патики. Не можам да се приближам, ниту пак службите на капетанот, нема теоретска шанса. Брановите се високи од четири до пет, па дури и шест метри понекогаш“, ја опиша ситуацијата Радиќ.

