Свет
(Видео) Децата врескаат, сцените ужасни: нова вознемирувачка снимка од Лисабон

Во трагедијата што се случи во Лисабон 15 лица загинаа, а 18 беа повредени. Меѓу жртвите има и странци, а на социјалните мрежи се појави ново видео, кое беше создадено веднаш по несреќата.
O Elevador da Glória descarrilou e tombou esta quarta-feira, junto à Avenida da Liberdade, em Lisboa. Segundo os bombeiros sapadores, o acidente provocou “muitas vítimas”, incluindo feridos graves. pic.twitter.com/ADWpR5c8oe
— Mundo Vivo (@mundo__vivo) September 3, 2025
На видеото се слушаат вознемирени деца како врескаат, а може да се забележат и раце на повредените како штрчат од смачканиот метал на жичницата, која е една од главните туристички атракции во овој португалски град.
O descarrilamento do Elevador da Glória, que ocorreu esta quarta-feira à tarde, em Lisboa, terá provocado mortos e dezenas de feridos.
As imagens apresentadas pelo 24Horas mostram a confusão que se instalou logo após o acidente, numa via que é de passagem obrigatória para… pic.twitter.com/ekIBLBsNIj
— 24Horas (@24horaspt) September 3, 2025
Луѓето што се нашле на самото место првин не знаеле што да прават од шок, а потоа масовно почнале да им помагаат на жртвите.
Се претпоставува дека трагедијата се случила поради пукање подземен кабел по што дошло до неконтролирано забрзување на жичницата.
Поради оваа трагедија, во Португалија е прогласен ден на жалост, а во Лисабон три.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.