Свет
(Видео) Драма во Лидс, избувнаа насилни немири: запалени возила, на жителите им е порачано да не ги напуштаат своите домови
Запалени се неколку возила, а се преврте полициско возило за време на немирите што избувнаа во англискиот град Лидс, јавија денеска британските медиуми.
На жителите на предградието Херхилс им било кажано да не ги напуштаат своите домови, пишува „Гардијан“. Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги осуди потресните сцени и напади додавајќи дека таквите немири немаат место во британското општество.
Немирите избувнаа синоќа, а на социјалните мрежи беа споделени снимки на кои се гледа како луѓето фрлаат предмети кон полицијата пред да превртат автомобил во Херхилс. Локалните жители велат дека нередите избувнале кога полицијата била повикана на адреса во тој дел од градот поради дојава за инцидент во кој учествувале деца и работници од социјалната служба.
Green party councillor Mothin Ali for the Gipton & Harehills ward, stopping rioters from adding to the chaos.
After hours of still no police or fire services in leeds, harehills. What a good man 👏🏾Shame on those spreading lies about him.pic.twitter.com/EuL8hEk1A2
— Bushra Shaikh (@Bushra1Shaikh) July 18, 2024
Кога почнаа да пристигнуваат поголем број граѓани, членовите на социјалните служби и децата беа пренесени на безбедно. По тоа, локалните жители почнале да фрлаат со предмети кон полицијата, запалиле автобус и неколку возила.
Полицијата во Јоркшир вети целосна истрага за сите прекршоци вклучувајќи го и палењето возила. Во соопштението се наведува и дека сите одговорни за насилството ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел
Пензионираниот полковник на американската армија и поранешен советник на шефот на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека дојде време украинскиот претседател Володимир Зеленски да „бега во Израел“, бидејќи, како што тврди, повеќе нема никаква политичка или безбедносна иднина. Коментарот беше објавен на платформата Икс.
„Време е Зеленски да ги запали моторите на својот личен авион и да одлета за Израел. Тој стана непотребен и нема иднина“, рече Мекгрегор.
Тој, исто така, оцени дека неодамнешната средба на Зеленски со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц била „бескорисна“, бидејќи украинскиот лидер, според него, не добил ништо освен „бесмислени гаранции“.
На 8 декември, Зеленски се сретна со тројцата европски лидери во Лондон, каде што, меѓу другото, разговараа за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина. Според соопштението од Елисејската палата, разговорите ќе продолжат, а европските земји имаат намера да му обезбедат на Киев „сигурни безбедносни гаранции“ и да учествуваат во планирањето на обновата на земјата.
Фото: депозитфотос
Свет
Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење
Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.
Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.
„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска
Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.
„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.
Liftoff! pic.twitter.com/4iQmX6dSF8
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.
Falcon 9’s first stage lands on LZ-2 pic.twitter.com/63yup6zvUT
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.
Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.
фото: unsplash

