Свет
(Видео) Едно лице загина во демонстрациите во Венецуела по објавувањето на изборната победа на Мадуро
Едно лице загина во државата Јаракуј (северозападно од земјата), а 46 беа приведени по постизборните протести, напиша на интернет Алфредо Ромеро, директор на невладината организација „Форо пенал“, специјализирана за одбрана на политички затвореници, пренесуваат светските агенции.
Вчера, илјадници демонстранти излегоа на улиците во неколку сиромашни населби на главниот град Каракас барајќи Мадуро веднаш да ја предаде власта.
Полицијата ги растера демонстрантите со солзавец додека се приближуваа кон центарот на главниот град.
Arredores do Hotel Marriott, Caracas. GNB que reprimiu manifestações recebeu uma dose de pátria, saiu a pé, sem moto.
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣#Venezuela pic.twitter.com/3VD0oN2xFL— Elon Mito 🇧🇷 (@MitoElon) July 30, 2024
Вчера, Националниот изборен совет официјално го прогласи Мадуро за победник на претседателските избори, со што доби трет шестгодишен мандат.
Ayer empezó el principio del fin.
¡Bravo Venezuela! 🇻🇪 pic.twitter.com/YE0hRu5JFc
— María Fernanda Cabal (@MariaFdaCabal) July 29, 2024
Според официјалните резултати, Мадуро (61) е реизбран за трет шестгодишен мандат со 5,15 милиони гласа или 51,2 отсто, а опозицискиот претседателски кандидат Едмундо Гонзалес Урутија (74) освои нешто помалку од 4,5 милиони гласа или 44,2 отсто.
Отфрлајќи ги критиките од опозицијата и меѓународната заедница, Мадуро го осуди обидот да се воведе, како што рече, „фашистички државен удар во Венецуела“.
Синоќа, лидерот на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, на прес-конференцијата рече дека опозицијата може да ја докаже победата на нејзиниот кандидат Едмунд Конзалес, поранешен дипломат.
Опозицијата, како што рече, од избирачките места собрала 73 отсто од резултатите од извештаите, според кои Гонзалес добил 6,27 милиони гласа наспроти 2,7 милиона на актуелниот претседател Николас Мадуро, кој изборната комисија го прогласи за победник.
Мачадо рече дека овие докази за победа се испратени до светските лидери и ќе бидат објавени на интернет преку ноќ.
Мадуро ја доби поддршката од Русија и Кина, како и од неговите вообичаени сојузници – Куба, Никарагва, Хондурас и Боливија, но и многубројни негативни или скептични реакции од меѓународната заедница.
Девет земји од Латинска Америка – Аргентина, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама, Парагвај, Перу, Доминиканската Република, Уругвај – повикаа во заедничка изјава целосно да го разгледаат резултатот со присуство на независни набљудувачи на изборите.
Бразил и Колумбија, две левичарски земји, побараа верификација на резултатите, а САД изразија стравување дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласот на венецуелскиот народ.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, и Франција повикаа на целосна транспарентност и побараа да се покажат сите записници и резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.
Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.
„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.
Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.
Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.
„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.
Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.
„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

