Свет
(Видео) Едно лице се води за исчезнато по авионската несреќа во Микронезија
Едно лице е пријавено за исчезнато откако вчера авион на компанијата „Ер Ниугини“ принудно слета во лагуна во Пацификот, соопштија официјаните претставници. Несреќата се случи во раните утрински часови, кога авионот удрил во морскиот брег на пистата на островот Чук во Микронезија, при што морал принудно да слета.
Седум други лица се повредени, а шестмина пак се хоспитализирани меѓутоа се наоѓаат во стабилна состојба, се наведува во соопштението на компанијата, иако веднаш по несреќата според првичните информации беше соопштено дека сите патници и членови на екипаж го преживеале принудното слетување на авионот на компанијата „Ер Ниугини“.
Патниците и членовите на екипажот се спасуваа од полупотонатиот авион и со чамци се превезуваат до брегот. Во авионот се наоѓаат 36 патници и 11 членови на екипаж.
„Ер Ниугини“ е национална авио-компанија на Папуа Нова Гвинеја. Микронезија се наоѓа северно од Австралија и источно од Филипини и во неа живеат околу 100.000 жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

